You are currently viewing Велигден 2023 – Крф

Велигден 2023 – Крф

(4 дневен аранжман автобус- брод)
Ви посакуваме добредојдовте на Крф познат како Керкира на грчки, островот каде прекрасната Клеопатра, Кралицата на Египет и нејзиниот љубовник Марк Антони се одмараа за време на војната против Октавијан Цезар. На овој остров доаѓа и прекрасната Принцеза Елизабета, попозната како ,,Сиси,, која од Австрија избега од строгиот протокол на Австриската Монархија и го помина останатиот дел од својот живот. Крф е
омилена дестинација на многу Кралеви, Кралици, Благородиници и Претседатели на Држави и
на преку два милиони туристи кои секоја година летуваат на островот. Покрај големите
природни убавини и шарм на овој остров можете да уживате и во големиот број на
знаменитости и градби по кои е познат во целиот свет. Тука се наоѓаат и моштите на Св.
Спиридон заштитник на островот како и прекрасниот залив Палеокастрица, познатата Ахилеова
Палата и елегантниот град Крф, изграден во венецијански стил, жив споменик самиот по себе.
1 Ден. БИТОЛА- ИГУМЕНИЦА – КРФ (ЧЕТВРТОК)
13.04.2023 Состанок на групата во 23.30 часот пред Безистен.Поаѓање кон граничниот премин Меџитлија. После обавувањето на царинските формалности патувањето продолжува према Гревена, Јанина, се до
Игуменица. Патување со попатни одмори. Пристигнување во Игуменица во утринските часови.
2 Ден. КРФ ( Велики ПЕТОК)
14.04.2023 Пристигнување во Игуменица во утринските часови. Влегување во брод и пловидба до Крф.
Пристигнување на Крф. Трансфер и сместување. Во попладневните часови организиран разглед на градот Крф и неговите знаменитости вклучувајќи ја и прекрасната Црква на Свети Спиридон од 16 век каде се и моштите на овој светец кој е заштитник на островот. Слободно време за прошетка низ прекрасните улици на градот. Во попладневните часови се следи церемонијата за изнесување на епитафите од Црквата Св.Ѓорѓи и другите цркви. Околу 21 часот се изнесува и последниот епитаф од Митрополијата и започнува процесијата
“Оплакувањето на Исус”. Вечера пред да се замине на ,,Epitafio,,Ноќевање.
3 Ден. КРФ (ВЕЛИКА САБОТА)
15.04.2023 Пoјадок. Во договорно време заминување за следење на процесијата со
големата поворка за житијата на патронот и заштитник на Крф Св.Спиридон пропратен со
тажниот мелос. Проследување на традиционалните локални обичаи. Она што Крф го
разликува од другите места е традицијата на кршење на стомни и глинени садови полни
со вода кои граѓаните ги фрлаат од своите куќи. Околу 20.30 часот заминување кон
градот каде се исчекува веста за ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ на плоштадот каде е
целиот осветлен од илјадниците свеќи во рацете на верниците. Огномет и прослава кои
ќе ги исполнат вашите срца и душа со радосната вест. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ.Враќање во хотелот и и
традиционална ВЕЧЕРА ,, ANASTASI,, Ноќевање.
4 Ден. КРФ (ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – НЕДЕЛА)
16.04.2023 Појадок. Ден на радоста – Прв ден Велигден. По улиците е живо и весело – по традиција се кршат
велигденски јајца. Појадок. Факултативна посета на Ахилеовата Палата и можност за посета на фабрика за
производство на ликери од кум-куат овошје кое единствено расте на островот. Враќање во хотелот за
традиционалниот ВЕЛИГДЕНСКИ РУЧЕК со прекрасни специјалитети траиционални за островот Крф. Слободно време за лични активности. Ноќевање.
5 Ден. КРФ – ПАЛЕОКАСТРИЦА – БИТОЛА
17.04.2023 Појадок. Организирана посета на северниот дел на островот и на Византискиот Манастир
од 13 век посветен на Света Богородица. Посета на Палеокастрица. Поаѓање кон Македонија. Превоз
со брод од Крф до Игуменица. Пристигнување во Игуменица. Поаѓање кон Македонија. Патување со
попатни одмори. Пристигнување во Битола во вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 209 €
За УПЛАТА до 10.03.2023 цената е 199 €

4 дена 3 ноќевања

Во цената на аранжманот Е вклучено:

✓ Автобуски превоз на дадената релација по програмата
✓ Превоз со брод од Игуменица – Крф – Игуменица
✓ Сместување на база три ноќевања со појадок во хотел со 4 *
✓ Традиционална ВЕЧЕРА “EPITAFIO” – Петок
✓ Традиционална ВЕЧЕРА ” ANASTASI” – Сабота
✓ Традиционален ВЕЛИГДЕНСКИ РУЧЕК во НЕДЕЛА
✓ Организирани разгледи според програмата на градот Крф
✓ Посета и разглед на Црквата на Свети Спиридон
✓ Организација и водство на патувањето
✓ Пратител за цело време на патувањето 

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:

✓ Посета на Палеокастрица и фабриката Мавроматис (15 евра од лице)
– Посета на Ахилеон палатата (15 евра од лице) Транспорт и влезница
✓ – Патничко и здравствено осигурување ЗАДОЛЖИТЕЛНО!
– Индивидуални трошошци
– туристичка такса 3 евро од лице на ден

Напомена:

• За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници. Бројот на места е ограничен.
• Односот на 1 € = 62,00 денари.
• Во случај на недоволен број на патници агенцијата го задржува правото на откажување на аранжманот најкасно до 7
дена пред поаѓање.
• Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата

 За патувањето важат општите услови за патување на СКТМ и С-ТРАВЕЛ