Крстарење по Западен Медитеран
Италија, Франција, Шпанија
8 дена / 7 ноќи
Costa Toscana е најновиот брод на Costa од класата Excellence, лансиран во декември 2021 година. Изграден е во бродоградилиштето Мејер Турку во Финска со изградба на над 800 милиони евра. Бродот е долг 337 метри, широк 42 метри, висок 65 метри, со бруто тонажа од 185.010 тони и максимална брзина од 23 јазли. Максималниот капацитет на бродот е 6730 патници во 2663 кабини, за кои се грижи екипаж од 1700 членови. Коста Тоскана на 19 палуби, од кои 15 се достапни за патниците, нуди разновидни содржини достапни за патниците: 11 ресторани, три отворени базени и еден со подвижен покрив, воден парк, теретана, спортски терени за кошарка, одбојка.. За најмладите, посебен дел е само за нивната игра и забава. Театро Санремо ќе се погрижи секој момент од крстарењето да биде интересен со ревии во стилот на Бродвеј и Лас Вегас. Во централниот дел на бродот е Колосео, каде постојано нешто се случува, потоа дискотека, казино, 19 барови и салони… Во самото срце на бродот е луксузен Спа, рајска оаза на мирот. Овој раскошен спа центар нуди различни опции за релаксација од сауни и турски бањи, места за релаксација до соба за масажа.
Ден | Пристаниште | Поаѓање | Пристигнување |
1 | Sevona | 08:30 | 17.30 |
2 | Marseilles | 09:00 | 18.00 |
3 | Barcelona | 08:30 | 18.30 |
4 | Palma de Mallorca | 08:00 | 18.30 |
5 | Крстарење | – | – |
6 | Palermo | 08:00 | 16.00 |
7 | Civitavecchia | 08:30 | 19.00 |
8 | Savona | 08:30 | – |
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Деца до 18 години во кабина со двајца возрасни, плаќаат само пристанишни такси!
- Пристанишни такси 180 еур
- Задолжителните бакшиш што ги плаќа патникот на бродот се:
- За возрасни 11 еур од ноќ / по лице
- Деца од 4 до 14 год. 50%
- Деца до 4 год. не плаќаат
- 3 и 4 возрасен во кабината на барање!
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
- Цените се дадени по лице за 7 ноќевања
- сместување во избрана кабина за време на крстарењето на бродот (бања/тоалет, клима уред, сеф, фен, ТВ)
- полн пансион на бродот (појадок, ручек, вечера и ужинки)
- свечена вечера со капетанот
- целодневна анимација
- забавна вечерна програма во салони и барови со жива музика
- користење на бродски простори и опрема (користење на библиотека, фитнес центар, базен, лежалки, крпи,…)
- претстави во театарот
- билети за казино, ноќен клуб,…
- спортски активности
- дневни активности (игри, лов на изгубени богатства, квизови, турнири, караоке, часови по танц, тематски забави итн.)
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Дополнителни услуги
- Пијалоци на бродот
- Екскурзии на копно
- Третмани во велнес центар и козметички третмани, личен тренинг со фитнес тренер, спа.
- Услуги на медицински персонал
- Коста осигурување 15 еур
Услови:
- Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
- Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
Отказ на резервација:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
Приговори и поплаки :
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.