You are currently viewing Крстарење во Април со Heavenly Adriatic

Крстарење со Heavenly Adriatic
(Грција, Хрватска, Црна Гора, Италија, Грција)

Опис на патувањето

Запловете во ова магично патување на Celestyal, со новиот крузер наречен Celestyal Journey. Заљубете се во неверојатната убавина на Кефалонија, прошетајте низ романтичниот Дубровник, и уживајте во магичниот Котор. Со отпловувањето во Бари, Италија ве очекува град со огромна култура и историја. Крф ќе ве заведе со својата единствена и волшебна атмосфера. Истражете ги археолошките чуда на Катаколон пред вашето враќање во преубавата Атина. Уживајте во секој момент од ова магично патување.

Атина       Кефалонија       Дубровник      Котор       Бари        Крф         Катаколо      Атина
Ден 1           Ден 2                Ден 3                Ден 4       Ден 5       Ден 6        Ден 7            Ден 8

 

Термини          Времетраење                Сместување                       Услуги
12.04                       7 ноќи                      Внатрешна кабина                Полн пансион
19.04
26.04

Вкупно   €649.00
добивате +75€ бонус кредит за екскурзија

Програма на патувањето

1 ден   Атина
Чекирање на бродот. Бродот испловува во 13:00 и се упатува кон Кефалонија. Вечерно крстарење исполнето со забава на крузерот. Ноќевање.
2 ден   Кефалонија
Пристигнување во Кефалонија во 09:00 часот. Појадок. Уживајте во разнобојните пејзажи коишто ги нуди најголемиот Јонски остров.Посетете ја пештерата Мелисани или опуштете се со пијалок додека го гледате зајдисонцето на пристаништето на едно од многуте рибарски населби. Бродот го напушта пристаништето во 17:00 часот и се упатува кон Дубровник.Вечерно крстарење исполнето со забава на крузерот. Ноќевање.
3 ден      Дубровник (Хрватска)
Пристигнување во Дубровник на пладне. Дубровник, исто така познат и како Бисерот на Јадранското море, е познат по многу повеќе покрај снимањето на познатата серија Game of Thrones.Подгответе се да се изгубите меѓу ѕидините на средовековниот град изградени во 11-13 век, барокна архитектура и бескрајно тиркизно пространство. Испловување во 02:30 часот и упатување кон Котор. Ноќевање.
4 ден    Котор (Црна Гора)
Пристигнување во Котор во 08:00 часот. Појадок. Искористете го времето за уживање во изобилството на шарени палати и украсени цркви, музеи и плоштади. Испловување во 17:00 часот.Вечерно крстарење исполнето со забава на крузерот. Ноќевање.
5 ден   Бари (Италија)
Пристигнување во утринските часови. Појадок. Бари е пристанишен град кој се наоѓа во јужна Италија во областа Апулија. Овој град ќе ве освои со богатиот мирис од пекарите и раздвиженоста на локалците.Бродот испловува и го продолжува своето патување кон Крф. Вечерно крстарење исполнето со забава на крузерот. Ноќевање.
6 ден   Крф (Грција)
Пристигнување на Крф во 08:00 часот. Појадок. Како еден од најубавите грчки острови, Крф изобилува со разноликост и природна убавина.Како резултат на влијанија од различни цивилизации, ќе ве освои со исклучива архитектура и историја, а грчкото гостопримство ќе го почувствувате во секоја од локалните кафетерии и ресторани.Вечерно крстарење исполнето со забава на крузерот. Ноќевање.
7 ден    Катаколо (Грција)
Пристигнување во утринските часови. Појадок. Ова рибарско село во себе крие богатство на бесценети артефакти и скулптури. Посетете го храмот на Зевс а воедно и домот на Олимписките игри. Бродот испловува во 14:00 движејќи се кон Атина и крајот на оваа незаборавна авантура.Вечерно крстарење исполнето со забава на крузерот. Ноќевање.
8 ден    Атина (Грција)
Пристигнување во Атина во 07:00 часот. Појадок. Не постои поубаво место за да ја завршите оваа авантура од градот на Акрополис, родното место на демократијата и филозофијата.За крај, задлабочете се во историјата на овој град и неговите улички полни со живот и култура додека се поздравувате со овој космополитски град и ова крстарење.

Што е вклучено

  • 7 ноќевања во кабина на најновиот крузер Celestyal Journey
  • Пристанишни такси и бакшиш за персоналот
  • Забава на брод со безброј разни активности и анимации
  • Полн пансион со вклучени безалкохолни пијалаци за време на оброците
  • Вклучен бар за закуски Greek Deli
  • Бонус 75 € по човек за користење екскурзии
  • Секојдневна програма – распоред за оброците и активностите на бродот
  • Вклучен ИНТЕРНЕТ (мала брзина)

Не е вклучено

  • Превоз: Скопје – Атина – Скопје
  • Медицински услуги
  • Индивидуални трошоци за екскурзии, излети кои се нудат дополнително на бродот и сл.
  • Услуги во спа центарот и услуги за убавина
  • Патничко осигурување
  • Факултативни излети
  • Паркинг доколку користите сопствен превоз

Важни информации

  • Чекирањето на бродот е помеѓу 13:00 – 17:00 по локално време
  • За ова патување потребен е биометриски пасош со важност од мин. 6 месеци
  • Индивидуални излети / посети и сѐ друго што не е споменато во програмата е со доплата на лице место
  • Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето
  • За резервација задолжителна е уплата од 50% депозит, целосна доплата 30 дена пред патувањето
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Травел и Целестијал
  • За реализација на аранжманот потребно е минимум 30 патници.

 Екскузии:

  • Винска Пасија – Кефалонија – Пола ден – 70евра по лице
  • The game of Thrones тура – Дубровник – Пола ден – 141евра по лице
  • Историја на Котор и Будба – Пола ден – 128евра по лице 
  • Истражете го Бари и Алберобело – Пола ден – 128 евра по лице 
  • Прекрасниот остров Крф – Пола ден – 128 евра по лице 
  • Олимпија и Археолошки музеј – Катопуло- пола ден – 144 евра по лице 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

  • Деца до 18 години во кабина со двајца возрасни, плаќаат само пристанишни такси!
  • Пристанишни такси 180 еур
  • Задолжителните бакшиш што ги плаќа патникот на бродот се:
  • За возрасни 11 еур од ноќ / по лице
  • Деца од 4 до 14 год. 50%
  • Деца до 4 год. не плаќаат
  • 3 и 4 возрасен во кабината на барање!

СЛИКИ

Услови:

Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

Приговори и поплаки :

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ