You are currently viewing Куќа “Billys”-Јерисос

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.

Куќа “Billys” се наоѓа на одлична локација на само 30 метри од песочната плажа, на самиот почеток на главното шеталиште, над fast food-caffe ‘Streat’, спроти caffe bar ‘Theatro’. Куќата располага со апартман и дуплекс апартман. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има паркинг на 15 метри од вилата во правец на плажата.

  • Апартман број 1 (1/4+1 ) – прв кат, со директен поглед море од огромна тераса со маса и столови. Апартманот е простран и има брачен кревет + 1 стандарден кревет на извлекување во спална и софа + кревет на извлекување во кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет, маси и столови итн.). Од двете соби се излегува на тераса. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.
  • Апартман број 2 (1/6+1) – прв кат, многу простран и голем апартман. Има поглед кон улица од една голема тераса (од кујна) и страничен поглед море од друга тераса (од спална). Има брачен кревет + 1 стандарден кревет во спална и 2 софи на извлекување во кујна. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). И на двете тераси и во кујната има маси и столови.

Координати: 40.399927, 23.880494

 Вонсезонски цени 22.05-03.07.2022

Термин Ноќевања 1-во и 2-ро лице 3/4/5-то лице
22/05-29/05 7 79 40
29/05-05/06 7 99 40
05/06-12/06 7 119 40
12/06-19/06 7 159 40
19/06-26/06 7 179 40
26/06-03/07 7 199 40

   Задолжителна доплата за 3-то лице 40 евра во случај на резервација за 2 лица

Сезонски цени 03.07-28.08.2022

Термин Ноќевања 1/4+1 апартман море 1/6+1 апартман
03/07-10/07 7 499 529
10/07-17/07 7 529 559
17/07-24/07 7 569 599
24/07-31/07 7 569 599
31/07-07/08 7 569 599
07/08-14/08 7 569 599
14/08-21/08 7 569 599
21/08-28/08 7 559 589

 

Вонсезонски цени 28.08-02.10.2022

Термин Ноќевања 1-во и 2-ро лице 3/4 /5-то лице
28/08-04/09 7 199 40
04/09-11/09 7 159 40
11/09-18/09 7 119 40
18/09-25/09 7 89 40
25/09-02/10 7 79 40

Задолжителна доплата за 3-то лице 40 евра во случај на резервација за 2 лица

Напомени и услови:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ. За сопствен превоз од редовната цена за прво и второ лице се намалува за 10 евра (620 денари).
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа: За возрасни 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 1.860 мкд. (30 евра) За деца до 12 години 2.170 мкд. (35 евра) еден правец 1.550 мкд. (25 евра) Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Тргнувањето од Куманово е во 02:45 часот наутро. Тргнувањето од Скопје е во 04:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин, а состанок на групата е во 03:30 часот.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на тргнување. Ве молиме минимум 24 часа пред секое тргнување да се информирате за потврда за времето и местото.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
  • За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи исклучиво за редовните цени.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
  • Попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Импала травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „С- ТРАВЕЛ“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Важат Општите услови на Т.А. С-Травел.