Нов и модерен мулти-функционален објект кој располага со луксузен Rooftop Bar, затворена бања со минерална вода, ресторан сместен на тивка, пространа локација и опколен со зеленило, соби и апартмани, стручен тим од масери и физиотерапевти кои нудат секаков вид на релакс и медицинска масажа, како и спа центар изграден по најнови стандарди. Објектот се наоѓа на 3 км од центарот на Куманово. Затворениот базен е исполнет со познатата кумановска термо-минерална вода, која е единствена по својот состав во цела Европа. Водата е погодна за лекување на заболувања на нервниот (неврози, несоници, психички и нервни исцрпености) и дигестивниот (гастрит, проблеми со бубрези, чир на дванаестпалачно црево, хронично воспаление на дебелото црево) систем, како и за лекување на гинеколошки проблеми, егземи и разни дерматити. Познато е дека оваа вода го обновува и ткивото, односно подмладува телото.
СМЕСТУВАЊЕ: Во објектот има 21 комфорна и пространа соба. Секоја од собите е опремена со елегантен мебел, ЛЦД ТВ, клима, wi-fi, телефон, тераси со одличен поглед и беспрекорна собна услуга. Хигиената во собите е според сите Ковид-19 стандарди и протоколи.
ROOFTOP BAR & SPA Доживејте комплетно задоволство во луксузен infinity базен и кафе-бар со уникатен панорамски поглед од 360° од кој ќе ви застане здивот.
СПА ЦЕНТАР Изграден по најнови стандарди, со луксузна и интимна атмосфера. Во склоп на објектот се наоѓаат затворена бања, сауна и парна бања. Имаме и стручен тим составен од масери и физиотерапевти, кој нудат секаков вид на релакс и медицинска масажа, по пристапни цени.
РЕСТОРАН Сместен на тивка, пространа локација и опколен со зеленило. Огромен избор на свежа и квалитетна храна со мени кое ќе ги задоволи и најпребирливите вкусови и специјалитети во вистинска смисла на зборот.
Тип на соба: | Еднокреветна | Двокреветна со одделни легла | Двокреветна | Трокреветна | Апартман |
Цена: | 55€ | 66€ | 83€ | 88€ | 94€ |
Тип на соба: | Капацитет на сместување: |
Еднокреветна | Едно лице |
Двокреветна со одделни легла | Соба со одделни легла кои не се спојуваат |
Двокреветна | Соба со споени или брачен кревет + можност за дополнителен |
Трокреветна | Три стандардни легла |
Апартман | Можност за сместување од 2-4 лица- фиксна цена |
Дадените цени се по соба и вклучуваат:
- Ноќевање со вклучен доручек
- Спа центар
- Туристичка такса
- Паркинг
- 10 % попуст на сметки во ресторан и масажи
Дадените цени не вклучуваат:
- Превоз
- Индивидуални трошоци
УСЛОВИ:
- Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
- Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
- Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
- Можност за плаќање од 6 до 12 рати!!!
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:
- за отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.