You are currently viewing HOTEL GRAND GOLD 4* – КУМБУРГАЗ , ТУРЦИЈА 2021

ОПИС:

Местото Кумбургаз се наоѓа на обалата на Мраморното море и на само 60км од еден од најубавите градови на светот, Истанбул. Местото е идеално за одмор, релаксација благодарение на одличните хотели со врвна услуга, но пред се и песочните плажи долги 8км, бесплатните лежалки и се разбира МОРЕТО!

Поради неверојатната близина, Кумбургаз е омилена викенд дестинација на жителите на Истанбул, кои тука го наоѓаат својот мир од огромниот сообраќаен метеж во градот. Тоа е доволна причина која не’ примами да ви го доближиме ова место токму вам. Секако нема да Ве оставиме без да уживате во градот на султаните и два континента, па затоа ќе одиме и во Истанбул.

За вас го имаме фантастичниот ГРАНД ГОЛД Хотел 4* http://grandgoldotel.com.tr/

Хотелот Гранд Голд 4* се наоѓа во централниот дел на Кумбургаз. Располага со голем базен кој е исполнет со солена вода, сопствена песочна плажа со бесплатни лежалки, а исто така и бар во делот кај базенот каде гостите можат да се освежат со кафе, коктел или некоја закуска. Исто така, за сите гости во пределот на плажата и базенот, хотелот секојдневно обезбедува пешкири за користење. Она што ги привлекува гостите да се чувствуваат убаво е пријатниот амбиент, љубезниот персонал и турската гостопримливост.

Хотелот располага со двокреветни и трокреветни соби, а распоредот на собите го прави хотелот пред пристигнувањето на гостите. Во целиот објект има бесплатно ви-фи, а во секоја соба има клима уред и крпи.

ЦЕНОВНИК:

Grand Gold Hotel 4*
Термин услуга DBL/TRPL
12.06-19.06.2021 BB+ПРЕВОЗ 139
19.06-26.06.2021 BB+ПРЕВОЗ 159
26.06-03.07.2021 BB+ПРЕВОЗ 169
03.07-10.07.2021 BB+ПРЕВОЗ 169
10.07-17.07.2021 BB+ПРЕВОЗ 169
17.07-24.07.2021 BB+ПРЕВОЗ 179
24.07-31.07.2021 BB+ПРЕВОЗ 179
31.07-07.08.2021 BB+ПРЕВОЗ 199
07.08-14.08.2021 BB+ПРЕВОЗ 199
14.08-21.08.2021 BB+ПРЕВОЗ 199
21.08-28.08.2021 BB+ПРЕВОЗ 189
28.08-04.09.2021 BB+ПРЕВОЗ 179
04.09-11.09.2021 BB+ПРЕВОЗ 159
11.09-18.09.2021 BB+ПРЕВОЗ 139

 

Цената вклучува:

  • Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања
  • Појадок 
  • Автобуски превоз
  • Интернет

Цената НЕ вклучува:

  • Индивидуални трошоци

Доплата и попусти:

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА (услови поставени од самиот хотел):

  • Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
  • Дете од 3 до 8 години на класичен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот, доколку е придружувано од двајца возрасни
  • Едно дете со еден возрасен плаќа целосна сума
  • Трет возрасен плаќа цела сума и добива стандард легло
  • Доплата за вечера 8 евра по лице од ноќ (се плаќа во хотелот по желба)
  • За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
  • За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
  • Можност за бирање на седишта со доплата од 10евра (освен првите две).

 

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

  • Check in во собите е после 14h по турско време
  • Check out е до 09h. Багажот се остава во делот предвиден за куфери.
  • Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
  • Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од собите на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
  • Хотелот има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот

СЛИКИ:

ПРОГРАМА:

1 ден:Собир на групата на Дрводекор (Скопје) на одредениот датум во вечерните часови и поаѓање према Кумбургаз. Патот не води преку Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир (дозволен транзит низ Бугарија). Попатни паузи за царински формалности и одмор.

2 ден:Пристигнување во утринските часови во Кумбургаз. Групата има време да се освежи на рецепцијата или во делот кај базенот додека да дојде времето за сместување во собите (14ч по турско време). Сместување и одморот може да започне.

3 до 8 ден:Покрај одмор и уживање во овие денови, еден од нив ќе биде резервиран за прошетка и посета на величествениот град Истанбул, а секако ќе има и денски и ноќни активности за кои ќе се погрижи нашиот претставник од агенцијата кој постојано ќе биде таму.

 

ИСТАНБУЛ (целодневна екскурзија со пакет 60евра по лице)

По појадокот групата се упатува на факултативна посета на градот Истанбул, каде што следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу.

Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со посета на најубавите места во Азија. Ова е фантастична прошетка низ Истанбул, автобуска екскурзија со која се доживува неверојатното искуство со преминување од европската кон азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор со посета на најзначајните места во Азија, кои буквално ќе ви го одземат здивот. Следуваат три прекрасни места во Азија, џамијата на претседателот Ердоган, потоа местото Ускудар, кое нуди неверојатен поглед кон Моминската кула, и на крајот населбата Кадикој, каде ако Таксим е најпопуларен во европската страна, тоа е Кадикој на азиската. Мали, тесни улички, преполни со елитни кафулиња, ресторани, продавници, типично турски, со европски шмек. Место каде ќе имате слободно време да се сплотите со ова место, да прошетате и да се напиете кафе.

По завршувањето на овие посети, предвидено посета на трговски центар за шопинг.

Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

9 ден: Одјавување од собите во утринските часови. Куферите се оставаат на рецепцијата и слободно време на базенот и плажата додека да дојде време за поаѓање кон Македонија. Поаѓање во договорено време и планирано пристигнување во доцните вечерни или раните утрински часови.

 

Напомена:

  • Се патува со пасош со важност минимум 6 месеци
  • За реализација на факултативата потребно е да бидат пријавени минимум 10 патници
  • Доколку сме спречени да ја реализираме турата поради ситуацијата со која се соочуваме, уплатените средства ќе бидат рефундирани
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ