You are currently viewing LES ARC – Paradiski

LES ARC – Paradiski

Опис:

 Традиционално, и оваа година како и многуте години до сега со С-ТРАВЕЛ, скијајте во најдобро друштво и со искусни водичи во најголемите ски центри  во Франција. Ве водиме во LES ARC 1800 – Гигантот на француските Алпи, ски центар кој бележи многу брз развој и денеска заедно со  La Plagne, спаѓа во комплекс на еден од најголемите ски центри –

  • *Paradiski  (Les Arcs/Peisey-Vallandry/La Plagne) располага со 425 км беспрекорно обработени ски/борд патеки на надморска висина од 1200 до 3226 м. за сите категории на скијачи, како и воодушевувачка панорама кон Монт Блан.
  •  *LES ARC се состои од 5 населби:
  •    Bourg Saint Maurice, Arc 1600, Arc 1800, Arc 1950 i Arc 2000- сите поврзани !
  • *LES ARC 1800  располага со 200 км ски патеки и е на надморска висина од 1800 м.најпопуларно и најголема ски населба со најбогата Apres Ski  содржина. Многубројни пабови,ресторани, продавници…

*Според истражувањето на World Snowboard Guide, спаѓа меѓу најдобрите snowboard дестинации, секако едно од најдобрите во Франција.

Ценовник:

Термин: 17.03.2023  FIRST MINUTE ЦЕНА:За уплата до 30.09.2022   

Residence             LES ARC 1800  – PARADISKI од 569
SKI IN – SKI OUT Ski F R A N C E  2023  
максимум лица 6 5 4 3 2 1
СТУДИО  1/3       579 639 829
СТУДИО  1/4     579 619 699  
ДУПЛЕКС АПАРТМАН   1/5   569 609 659 769  

Цените се дадени за пакет аранжман во eвра по лице.  Плаќање исклучиво во денари според курсот 1€=62 мкд

Програма:

  1. ден-петок  СКОПЈЕ – LES  ARC 1800: Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 07:00 часот. Поаѓање за  LES  ARC 1800  во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.

2 ден-сабота LES  ARC 1800 Пристигнување во попладневните часови и сместување во апартманите. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање

3–8 ден LES  ARC 1800: Шест дневно скијање во LES  ARC 1800. Ноќевање.

9. ден-сабота LES  ARC 1800СКОПЈЕНапуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано.

10 ден – недела СКОПЈЕ: Пристигнување во попладневните часови.

Во цената е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје – LES  ARC 1800– Скопје
  • 7 дневно сместување во одбрани студиа / апартмани според ценовникот во LES  ARC 1800
  •  6 дневен скипас за стазите на LES  ARC 1800
  •  Туристички пратител за време на турата

Во цената не е вклучено:

  • Задолжително патничко, тип Конфорт, осигурување со вклучен додаток за спортско скијање 750 ден.
  • Задолжителна Туристичка такса 15 €  по лице за цело време на престој. Се плаќа во агенција, во МКД.
  • Paradiski skipass35по особа за 425 км ски патеки. Резервација задолжителна  со пријава и уплата во агенција. Наша препорака!
  • Постелнина и крпи.
  • Завршно чистење на апартманите.
  • За ова патување важат Општите услови за патување на Нехар травел со Лиценца А бр.УЛ 13-59, кои се составен дел на секој Договор за патување (освен отказните трошоции кои важат според наведеното за овој ски аранжман).
  • Генерален опис на  Студиата и Апартманите во  LES  ARC 1800
  • Студиата и апартманите се распоредени  во разни објекти низ местото,  и сите се  Ski IN-Ski OUT..Распоредот, големината иопремата може да варира од  објект дообјект.

          Residence: “GRAND ARBOIS” / “ARMOISE” / “CHARMETTOGER”

  • СТУДИО  16-20 м2, за 3 лица

Дневен престој со тросед на извлекување за 2 лица или 2единечни кревети + единечен кревет , ТВ. Мини кујна опремена со садопер,фрижидер, решо,микровална, прибор за јадење, маса, столици. Купатило со туш и ВЦ.

  • СТУДИО  20-24 м2, за 4 лица

Дневен престој со тросед на извлекување за 2 лица или 2единечни кревети + 2 кревета на спрат , ТВ. Мини кујна  опремена со садопер, фрижидер, решо, микровална, прибор за јадење, маса, столици. Купатило со туш и ВЦ.

  • ДУПЛЕКС АПАРТМАН  со 2 соби  54 м2, за лица
  • Дневен престој  со  2единечни кревети + 2кревети на спрат и 1 единечен кревет + кабина со 1  дупли кревет , ТВ. Мини кујна  опремена со садопер, фрижидер, решо, микровална, прибор за јадење, маса, столици. Купатило со туш и ВЦ.
  • Постелнина и крпи: Во цената не се вклучени крпите и постелнина за апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигање по цена од: 10-12€ постелнина и 8- 10€ сет крпи. Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свои.
  • Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како  пред сместувањето  или ќе се наплати од 45-90 евра.
  • Влез во објект: 14.00 – 17.00        Напуштање на објект: 08.00 – 10.00

ВАЖНИ ЗАВРШНИ НАПОМЕНИ:Дадената цена е пакет цена по лице во зависнот од бројот на лица и тип на сместување, за максимално даден број на лица во студио и апартман, за 7 ноќевања, 6 дневна стандардна ски карта и вклучен автобуски превоз.

РЕЗЕРВАЦИЈА:

  • Резервација за аранжманот е со задолжителна уплата од 10.000 денари по лице, остатокот се доплаќа најдоцна до 03-ти. декември 2022.
  • Со самата резервација и платен аванс, патниците добиваат договор за патување со сите податоци за патувањето, типот на сместување, разни доплати како и општи услови за патување.
  • Уплатата може да се плати во готово или на кредитна/дебитна картичка, со добивање на фискална сметка, или преку пошта/банка, или вирмански со издадена фактура.
  •  Постои можност да се спојат индивидуалните патници во повеќекреветно студио/апартман, како не би плаќале поскапо. Агенцијата може да посредува, но НЕ и да гарантира при ваквите случаи.

Затоа, дефинитивниот тип на студио/апартман и дефинитивната цена ќе зависи од бројот на лицата кои остануваат и типот на студиото/апартманот кој е одбран. Патниците однапред се согласни за овие услови, и истите ги прифаќаат.

  • Според Шенгенските правила, Македонски пасош мора да има важност од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната (датум на враќање во Скопје).
  • За реализација на патувањето потребно е минимум 40 патници.
  • Агенцијата не може да влијае на  спратност, поглед, локација или одреден објект. Тоа е во рамките на локалната агенција. Одредени  желби на патниците, како за сместување во еден објект на повеќе студиа/апартмнаи, агенцијата ќе ги пропрати до локалната агенција, но без да вети за исходот.
  • FIRST MINUTE  цена важи до објавениот датум во ценовникот. После тој датум цената се зголемува за 40€ по лице, без оглед на тип на сместување.
  • Патниците се должни 48 часа пред патување да го проверат часот и местото на поаѓање.
  • Багаж: Секој патник може да понесе 1 личен багаж (куфер или торба), 1 пакет ски или борд опрема сместени во багажник на автобус и 1 мала кабинска торба/ранец и храна за пат во автобус.
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот во случај на недоволен број на пријавени лица, најдоцна 30 дена пред тргнување. Во  таков случај, уплатените средства во целост се враќаат исклучиво на трансакциона сметка на лицето кое уплатило или  вирмански доколку се така уплатени, според законот за платен промет.

ОТКАЗНИ ТРОШОЦИ:

  • Откажување од патувањето може да се направи исклучиво по писмен пат, доставен до агенцијата, со причини за отказот. Отказните трошоци се во согласност со отказните трошоци на иностраниот партнер, на кои агенцијата не може да влијае.
  • Трошоците за откажување на патувањето кои се задржуваат:
    • Од моментот на пријавување до 8 недели пред поаѓање: 10% од цената
    • 8 – 4 недели пред поаѓање: 30% од цената
    • 4 – 2 недели пред поаѓање: 50% од цената
    • 2 недели и помалку пред поаѓање100% од цената
  • Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува 350-1.500€ по студио/апартман.Се плаќа на самото пристигање, непосредно пред сместувањето. Плаќањето е исклучиво со резервирање на средства во висина на депозитот од  кредитна картичка (VISA или MASTERCARD).Депозитот на крајот од сместувањето се деблокира, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети), и  гостите ќе го добијат блокираните средства наредните денови. Во случај на било какви оштетувања во студиото/апартманот при сместување, гостите се должни да достават писмена забелешка до локалната агенција во рок од 48 часови.   Износ на депозит за сместување: (*можно да претрпи мали промени)                                                                                                                                     
  • по Студио/Апартман:  200€ – 600€                   

КАРАКТЕРИСТИКИ НА СКИ ЦЕНТАРОТ LES  ARC 1800:

LES  ARC  е скијалиште со карактер,преубава природа, панорамски поглед и сончева положба. Идеално место за скијање и забава за сите возрасти. Местото е посебно познато по големо внимание за децата. Baby Club за бебиња постари од 4м, Mini-Club за деца 4-6 г. и Kid’s Club  за деца од 7-12 г. Така родителите може безгрижно да ги остават децата и да скијаат.

*Paradiski  (Les Arcs/Peisey-Vallandry/La Plagne) е скијалиште  со 425 км ски патеки  со околу 20 населби и кое стално напредува. Во 2003 направена е нова годола Vanoise Express ( 2000 скијачи на час) која ги поврза двете скијалишта со вкупно 425 км патеки. 70% скипатеките се над 2000 м/нв.Може да скијате и на глечерите  Varet (3.226 м/нв.)  и Bellecôte (3.250 м/нв.).

 За нова забава французите го создадоа Mille8 за кое потрошија 36 милиони евра. Додадоа нова жичара, гондола, а каблите за wi-fi  ги провлекоа по сите ски патеки како би била достапна новата апликација YUGE.

Mille8 : “aquafun”комплекс, покриен воден парк со тобогани,сауна, теретана, велнес центар. Се простира на 3.800 м2 површина.  Во рамките на Mille8  е направена нова атрактивна патека за санки, долга 900 м, нов  freestyle парк, шеталиште низ шума со специјални `ски чевли`, мини парк за деца,нов ресторан…. Направена е и паралел слалом стаза за туристи….

YUGE апликација: напредна апликација која скијачите едноставно ја инсталираат. Додека скијате добивате информации во реално време за прогноза на времето, ски патеките, време на чекање на жичарите, информации за дневни атракции но да едноставно пронајдете пријател со кој сте се разминале ….

Жичари и ски лифтови  LES  ARC 1800:

Ски лифтови:37, Гондоли: 3, седишници: 24, брзи влечуги:10    

Ски патеки: 127 максимално средени патеки со вкупна должина од 200км:

  • 62 плави, 2 зелени, 44 црвени, 19 црни, 2 Boarder/Skicross, 48 км нордиско скијање.
  • 410 топ за вештачки снег

Содржини кои ќе ги најдете во местото:  Барови/Пабови,  Ресторани, Маркет, Пекара,  Spa центар,Турист биро, Банка/банкомат, Продавница на сувенири, Полициска станица, Пошта,  Болница,  Доктор, Прва помош, Аптека, Планинска служба, Кино  Музеј, Куглање, Спортски центар ,Чевли за снег, Параглајдинг, Санки влечени од кучиња, Ноќен клуб/ Дискотека, ски сервис, Snowpark. GPSкоординати: 45.572223, 6.829650

 

Важат Општите услови на Т.А. С-Травел.