Халкидики, e полуостровот кој се наоѓа на југоисточниот дел на Грција, на само 60km од Солун. Со своите 3000 km2, излегува на северниот дел на Егејското Море. Во морето влегува со три краци, Касандра, Ситонија и Атос (Света Гора).
Касандра е прв или западен крак, од полуостровот Халкидики. Касандра е еден од главните туристички центари и има најразвиена патна мрежа, турисички комплекси, марини и трговски центри. Поголеми градови се Ханиоти, Полихроно, Калитеа, Афитос, Пефкохори, каде жителите живеат во текот на целата година.

Затворете мени