Халкидики, e полуостровот кој се наоѓа на југоисточниот дел на Грција, на само 60km од Солун. Со своите 3000 km2, излегува на северниот дел на Егејското Море. Во морето влегува со три краци, Касандра, Ситонија и Атос (Света Гора). Ситонија е вториот или средниот крак од полуостровот Халкидики и претставува совршен спој на прекрасните морски брегови и недопрените шумски пејсажи. Недоволно истражена туристичка дестинација, која дава потенцијал на мирна, тивка, питома средина, погодна за подолг престој и живот далеку од градската врева. Поголеми градови се Никити, Неа Мармара, Сарти и Торони.