Закинтос, исто така наречен Занте (неговото италијанско име), е третиот најголем остров во Јонското Море, лоциран на западното крајбрежје на Грција. Островот го добил своето име според Закинтос, синот на легендарниот аркадиски владетел Дарданос. Закинтос бисер помеѓу јонските острови ви го нуди најтиркизното море и прекрасни плажи со ситен свиленкаст песок. Закинтос е интересен за сите, особено поради тоа што нуди голем избор на плажи – недопрени и диви, смирени и романтични, урбанизирани и забавни. Тука може да пливате со џиновски желки или да нуркате во длабочините на тиркизното море. Што и да одлучите да правите не пропуштајте да уживате во мирисот на маслинки и незаборавните глетки.

Не се пронајдени написи.