You are currently viewing Лидо Ди Јесоло – Трст – Венеција – Верона Милано 8 Декември

ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ТРСТ – ВЕНЕЦИЈА – ВЕРОНА МИЛАНО

8-ми Декември / автобус / 5 дена- 2 ноќи

1 ден 07.12.2023 БИТОЛА – КАВАДАРЦИ – СКОПЈЕ – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО
Состанок на групата во 13:15 часот пред спортската сала во Битола.Во 14:45 часот на булеварот пред
Гранична Полиција во Кавадарци. Во 16:30 часот на паркингот пред Хотел Русија во Скопје. Се патува
преку грaничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи и
царински формалности.
2 ден 08.12.2023 ТРСТ – Outlet Shoping centar PALMANOVA – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО:
Очекувано пристигнување во Трст во претпладневните часови. Прошетка низ центарот на
градот,плоштадот на Обединување,каналот Гранде, Понте Росо… Слободно време за индивидуални
прошетки.Во договор со водичот патувањето продолжува накај Лидо ди Јесолосо попатна посета на
Outlet шопинг центар Palmanova. Во попладневните часови пруистигнување во Лидо. Сместување во
хотел. Слободна вечер за прошетки низ Лидо. Ноќевање.
3 ден 09.12.2023 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО -МИЛАНО- ВЕРОНА
Појадок. По појадокот заминуваме накај Милано. По пристигнувањето одиме на разглед на градот:
тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала
во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата
Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води
до зградата на Миланска опера една од најпознатите оперски куќи во светот… Слободно време за
индивидуални прошетки. Во договор со водичот продолжуваме кон Верона. Прошетка низ плоштадите
Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија.Слободно време за прошетка по пешачката улица Мазини,
и можност за шопинг. Не пропуштајте добра Италијанска пица на плоштадот Бра. Во вечерните часови
враќање во Лидо. Ноќевање.
4 ден 10.12.2023 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕНЕЦИЈА – СКОПЈЕ – КАВАДАРЦИ – БИТОЛА
Појадок . Напуштање на собите. Заминување за Венеција. Превоз со брод од пристаништето Пунта
Сабиони до Венеција. Прошетка низ Заспаната убавица од средниот век. плоштадот и црквата Сан
Марко, мостот Риалто, мостот на воздишките, Дуждевата палата, каналот Гранде… Слободно време за
индивидуални прошетки. Убаво е да се искачите на кулата звоник од каде има прекрасен поглед на цела
Венеција и секако возете се со гондола низ каналите на Венеција, посетете ја Дуждевата палата и
црквата Св.Марко. Во договор со водичот поаѓање кон Скопје. Ноќно возење со попатни пауза за одмор
и царински формалности.
5 ден 11.12.2023 СКОПЈЕ – КАВАДАРЦИ – БИТОЛА:Пристигнување во Македонија во попладневните
часови .

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 159 евра / 9.858,00 денари
ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 10.11.2023: = 139 евра / 8.618,00 денари – СО
ЗАДОЛЖИТЕЛНА УПЛАТА НА ФАКУЛТАТИВИТЕ = 80 € ( 10 € попуст
Цената вклучува:
 -Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
 -2 ноќевања со појадок во Хотел со 3* во Лидо ди Јесоло,
 -Организација на аранжманот
 Лиценциран туристички придружник на патувањето
Цената не вклучува:
 Превоз + бродски билет до/од Венеција 30 €
 Посета на Милано и Верона 60 €
 Туристичка такса за ноќевање во Италија( 2,5 € по лице по ноќ, се плаќа во
агенција)
 Влезници за музеи и споменици
 Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност од 6 месеци
 Задолжително патничко осигурување патниците си го обезбедуваат сами.Во
случај да немаат агенцијата не сноси никаква одговорност за евентуални
последици
 Доплата за еднокреветна соба 2.500 денари
 Доплата за дете до 11.99 години – 129 € 
 Доплата за избор на седиште 10 € ( резервација исклучиво при уплата)
  Трансфер од Битола и Прилеп – 15 € по лице
 Трансфер од Штип – 10 € по лице
НАПОМЕНИ:
 За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
 Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62
денари
 За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%,целосна уплата
најдоцна 10 дена пред поаѓање
 Општите услови на патување важат според годишниот програм на Т.А. С-ТРАВЕ и СКТМ.
 Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред
поаѓање.
 Агенцијата има право да направи промена на програмата според условите во
текот на реализацијата.

 

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ