Лисабон – Urban Trip – 22.10-26.10.2019 – Авионска Програма

URBAN TRIP
ЛИСАБОН

термин 22-26.10.2019

Ви ги претставуваме Urban trips како еден поинаков концепт на патување. Се движиме во мали групи од  околу 15 луѓе. Се сместуваме во буџет хотели/хостели, користиме јавен превоз и го доживуваме местото како локални жители. Малите групи ви дозволуваат слобода на движење и слобода да го искористите вашето време и вашите пари онака како што вие сакате. Релаксирани пешачки тури низ градовите и предлог места за посета од вашиот придружник кој ќе ви го посвети целото внимание без да се чуствувате изгубени во толпата луѓе. Мали групи, големи доживувања.

22.10.2019 (вторник) БИТОЛА – СКОПЈЕ – СОФИЈА – ЛИСАБОН

Состанок со групата во 09:00 часот пред спортската сала во Битола и поаѓање за Софија (попатно Прилеп, Велес, Скопје). Полетување за Лисабон во 19:35 часот (локално време), и пристигнување во 21:55 часот. Поаѓање со локален превоз и сместување во хотел. Ноќевање.

23.10.2019 (среда) ЛИСАБОН

Појадок. Можност за индивидуален разглед на градот – пешачка тура со локален водич на англиски јазик Free walking tour  – https://bit.ly/2lWmM0g  или автобуска тура Hop-On Hop-Off Bus Tour  – https://bit.ly/2lVQ4MQ. Разглед на главниот и најголем град во Португалија, кој совршено ја отсликува португалската култура, комбинација од модерна култура која сепак го задржува своето културно наследство и традиција: Плоштадот Маркиз де Помбал, авенија на Слободата, централниот Плоштад Росио, срцето на Лисабон, познат уште како и плоштад Педро IV, Плоштадот Рестауредорес со споменикот кој е симбол на ослободувањето на Португалија од шпанската власт, Плоштадот Комерцио.. Во попладневните часови препорачуваме посета на замокот Сао Хорхе и населбата Алфама или Sunset Cruise with a Local Guide https://bit.ly/2miRKA6 . Ноќевање.

24.10.2019 (четврток)

Појадок. По појадокот можност да си резервирате организирани факултативни разгледи на околината на Лисабон ( пример Central Lisbon 3-Hour Guided E-Bike Tour https://bit.ly/2kOxHZJ   .Предлог; Прошетка до градот Синтра, кој поради својата пријатна клима во минатото преставувала летна резиденција на кралското семејство, а во 1955г. УНЕСКО го прогласува за културно светско наследство.  Прoшетка на градот Кашкаиш, шармантно гратче лоцирано на брегот на океанот, кое е поврзано со Есторил. Денес и двата преставуваат монденски летувалишта познати по своите песочни плажи.. Ноќевање.

25.10.2019 (петок)

Појадок. Препорачуваме индивидуална полудневна екскурзија до Белем (кулата Белем, манастирот Геронимо, палатата Белем, ботаничката градина, MAAT музејот…) или слободен ден во Лисабон со Електрични скутери  – https://bit.ly/2kOwBND  .. Ноќевање.

26.10.2019 (сабота) ЛИСАБОН – СОФИЈА – СКОПЈЕ – БИТОЛА

Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки низ Лисабон. Поаѓање со локален превоз до аеродромот во 19:30 часот. Полетување за Софија во 22:20 часот и пристигнување наредниот ден во 03:20 часот (локално време). Трансфер до Македонија и пристигнување во утрински часови.

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 01.10.2019: 
299 ЕВРА по лице( без сместување )

Редовна цена : 319 ЕВРА по лице ( без сместување )

Во цената е вклучено:

  • Трансфер Битола – Софија аеродром – Битола
  • Авионски превоз на наведената релација со авиокомпанијата WizzAir
  • Аеродромски такси
  • Рачна торба (димензии 40 x 30 x 20 cm)
  • Чекирана торба до 10 кг. (димензии 55 x 40 x 23 cm)
  • придружник од Македонија во текот на целото патување
  • организација и реализација на аранжманот

Во цената не е вклучено:  
-4 ноќевања во хотел/хостел/апартмани во Лисабон ( https://castilho-63-pt.book.direct/en-us )

  • доплата за сместување во 1/4 соби 140 евра по лице или 1/2 соби 180 евра по лице
    – Трансфер во Лисабон, аеродром – хотел – аеродром (доплата за карта за јавен превоз AeroBus Lisbon Airport Shuttle https://bit.ly/2lWzcVU )
  • Туристичка такса – 1-2 евра по лице на ден, се доплаќа во објектот
  • Сите горе наведени индивидуални посети , влезници , организирани тури и локален превоз
  • Патничко – здравствено осигурување

Распоред на летови:

22.10.2019                                          26.10.2019
W6 4373 Sofia – Lisbon                      W6 4374 Lisbon – Sofia
19:35 – 21:55                                      22:20 – 03:20

Kaде да букирате индивидуални активности за Лисабон ?!
Разгледајте ги активностите на следниот линк  https://bit.ly/2kDu49d
Turist TIPS
1. Букирајте ги индивидуалните активности и разгледи неколку дена пред патувањето.
2. Посета на Torre de Belém
3. Возење со Трамвај 28
4. Посета на областа Алфама
5. Посета на Синтра
6. Посета на Подводниот аквариум
7. Вкусете храна и пијалоци во областа Bairro Alto
8. Посета на  замокот St George’s Castle
9. Инсталирај апликација за телефон за Лисабон (пример LisabonCool)
10. Инсталирај апликација за телефон за јазик и лесна комуникација во Лисабон (пример Reverso)

Напомена
URBAN TRIP – Лисабон престваува организирано патување Македонија – Софија – Лисабон, Хотелското сместување се доплаќа доколку сакате да резервирате преку нашата агенција. Цената е изразена за авионски карти од Софија-Лисабон и обратно , трансфер Maкедонија – Софија и организација, за консултации и совети околку сместувањето и индивидуалните прошетки информирајтесе во агенција. Организаторот и придружникот нема одговрност за индивидуалните разгледи кои ги посетуваат туристите на оваа група. Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето!
Организаторот не е надлежен да ја цени исправноста на патните документи.
Аражманпт се плаќа исклучиво во денари во агенцијата по курс 1€ = 62,00мкд.
При резервација на аранжманот се уплатува 50% од износот на аранжманот – аванс.
Остатокот од аранжманот се доплатува на најкасно 7 дена пред поаѓање.
Со оваа програма важат Општите услови за патување на Т. А. S TRAVEL.