ЛУКОВСКА БАЊА ВЕЛНЕС 24 МАЈ – 2021

ЛУКОВСКА БАЊА ВЕЛНЕС – 24 МАЈ

ОПИС:

Луковска Бања е лоцирана во јужниот дел на Србија, на источните падини на Копаоник. Со поставеност од 681м надморска висина, таа е највисоката бања во Србија со пријатна умерено континентална клима и голем број на сончеви денови. Карактеристична е по своите термо минерални извори, едни од најбогатите во земјата, недопрената природа на шумовитиот Копаоник и чистиот планински воздух. Модерните погодности и базени во Велнес и СПА центарот на хотел Јелак во комбинација со релаксираните прошетки низ преубавата природа се подлога за идеален одмор.

ПРОГРАМА:

1.Ден  22.05.2021 (Сабота) СКОПЈЕ – ЛУКОВСКА БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30ч на паркингот кај Хотел ВИП, поаѓање за Србија во 06.00ч. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Околу пладне пристигнување во Луковска Бања и сместување во Хотел Јелак 4*. Ручек. Слободно попладне одмор и релаксација со користење на СПА содржините на хотелот вклучени во цената. Вечера. Ноќевање.

2.Ден 23.05.2021 (Недела) ЛУКОВСКА БАЊА
Појадок. Во 10.00 часот заминување на прошетка до поширокиот центар на Луковска Бањa, доколку временските услови се поволни, можност за посета на црквата Св.Мина со автобуски превоз и локален водич. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на велнес содржините на хотелот. Вечера. Ноќевање.

3.Ден 24.05.2021 (Понеделник) ЛУКОВСКА БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во 12.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.

Цена на аранжманот  – 129€/ 8.000мкд

Цена по лице за уплата во денарска противвредност 1€/62мкд.

Цената вклучува:

  • Автобуски превоз на наведената релација.
  • Сместување во Хотел “Јелак 4*” или Копаоник на база 2 ноќевања (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса).
  • Исхрана на база полн пансион (појадок, ручек и вечера класично послужување).
  • Користење на надворешен и внатрешен базен со термална вода со температура од 33-35⁰C.
  • Користење на Велнес центар (солена соба, парно купатило, сауна, топли клупи – тепидариум, релакс зона).
  • Организирана прошетка низ Луковска Бања со локален водич.
  • Туристичка такса.
  • Организација и реализација со туристички придржник.

Цената НЕ вклучува:

  • Задолжително патничко осигурување.
  • Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги)

Доплата и попусти:

  • Дете 2-4,99 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само превоз 25€/1.550ден (на барање).
  • Дете 5-10год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на возрасен, (на барање).
  • Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума (на барање).
  • Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден (на барање).
  • Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620ден (мин. 2 седишта)
  • Намалување за сопствен превоз -10€/620ден од патник.

 

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
  • За реализација на патувањето потребен е минимум од 30 патници.
  • Капацитетот на автобусот за ова патување е 50% исполнетост според моменталниот протокол за автобуски сообраќај.
  • За ова патување не е потребен PCR тест.
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај, а уплатениот износ нема да биде рефундиран.
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
  • Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
  • Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
  • Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
  • а ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ