Луковска Бања – Велигден 2021  (-10еур за уплата до 15.04.2021)

Луковска Бања – Копаоник , Велигден и 1ви Мaj

ОПИС :

Луковска Бања е лоцирана во јужниот дел на Србија, на источните падини на Копаоник. Со поставеност од 681м надморска висина, таа е највисоката бања во Србија со пријатна умерено континентална клима и голем број на сончеви денови. Карактеристична е по своите термо минерални извори, едни од најбогатите во земјата, недопрената природа на шумовитиот Копаоник и чистиот планински воздух. Модерните погодности и базени во Велнес и СПА центарот на хотел Копаоник во комбинација со релаксираните прошетки низ преубавата природа се подлога за идеален одмор.

Програма на патување:

1.Ден 30.04.2021 (Петок) СКОПЈЕ – ЛУКОВСКА БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај хотел ВИП спроти саем. Поаѓање за Србија во 06 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Луковска Бања околу пладне и сместување во соби. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, време за релаксација и користење на содржините од Велнес Центарот. Вечера. Ноќевање.
2.Ден 01.05.2021 (Сабота) ЛУКОВСКА БАЊА
Појадок.Во 10.00 часот заминување на прошетка до поширокиот центар на Луковска Бањa, можност за посета на црквата Св.Мина со автобуски превоз и локален водич. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на велнес содржините на хотелот.
3.Ден 02.05.2021 (Недела) ЛУКОВСКА БАЊА
Појадок.Слободен ден за индивидуални активности и прошетки. Време за релаксирање во СПА центар или индивидуални прошетки по т.н. патеки на здравјето. Ручек. Слободно попладне за користење на содржините од Велнес Центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
4.Ден 03.05.202 (Понеделник ) ЛУКОВСКА БАЊА – СКОПЈЕ.
Појадок.Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во 12 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.

СЛИКИ :

 

Цена на аранжманот за пријави до 15.04.2021 – 149€/9.238мкд

Редовна цена на аранжманот – 159€/9.858мкд

Цени по лице за најмалку 2 лица во соба

Цени изразени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден

 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација;
  • Сместување во двокреветни и трокреветни соби во Хотел Копаоник 3* на база 3 ноќевања (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса);
  • Исхрана на база полн пансион (појадок, ручек и вечера – класично послужување);
  • Користење на надворешен и внатрешен базен со термална вода со температура од 33-35⁰C ;
  • Користење на Велнес Центар (сауна, парна бања, солена соба, тепидариум, џакузи);
  • Користење на сала за забава и рекреација;
  • Организиран пешачки и автобуски разглед на Луковска Бања со локален водич;
  • Туристичка такса;
  • Организација и реализација со туристички придружник.

Во цената нааранжманот не е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување;
  • Индивидуални трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги).

Попусти и опционални доплати:

  • Дете 2-4,99 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само превоз 25€/1.550ден (на барање)
  • Дете 5-10год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на возрасен, 80€/ 4.960ден (на барање)
  • Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума 159€/9.858ден
  • Доплата за еднокреветна соба 45€/2.790ден (на барање)
  • Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620ден (мин. 2 седишта)
  • Доплата за дополнително седиште во автобус -35€/2.170ден
  • Намалување за сопствен превоз -10€/620ден од патник.

Важни напомени:

  • За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
  • За реализација на патувањето потребен е минимум од 35 патници, со капацитет од 75% пополнетост на автобус според моменталниот протокол за автобуски сообраќај..
  • За ова патување не е потребен PCR тест, за време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај, а уплатениот износ нема да биде рефундиран.
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
  • Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
  • Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
  • Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
  •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
  • За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и Т.А С-ТРАВЕЛ- Битола