Малдиви – Велигден 2021 – Индивидуална програма

Малдиви – Велигден 2021 – Индивидуална програма

ТЕРМИН:

27.04.2021-03.05.2021

ЦЕНА:

  1. EMBUDU VILLAGE 3* од 1.340 ЕУР ПО ЛИЦЕ
     (ЗА ДБЛ СОБА Superior /ПОЛНПАНСИОН)

  2. SUN ISLAND RESORT & SPA 4* од 1.510 ЕУР ПО ЛИЦЕ
    (ЗА ДБЛ СОБА Superior /ПОЛНПАНСИОН)

  3. SAii LAGOON MALDIVES 5* од 1.940 ЕУР ПО ЛИЦЕ
    (ЗА ДБЛ СОБА /ПОЛНПАНСИОН)

  • Цената е валидна до пополнување на места по групна тарифа од авио компанија и промотивни цени на ограничен број соби во наведен хотел и истата е подложна на промени се до момент на резервација (пред резервација проверете ја цена и тарифа на авионска карта).
  • Можност за индивидуални дати на патување на барање .

Цената вклучува:

  • Авионски билет на релација Скопје-Истанбул-Мале-Истанбул-Скопје со Turkish Airlines сo вклучен багаж, согласно саатници на програма;
  • Аеродромски такси;
  • 6 ноќевања во наведениот хотел, наведен тип на соба / наведена услуга
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром со хидроглисер или хидроавион;

Цената НЕ вклучува:

  • Храна, пијалоци и услуги што не се споменати во програмата;
  • Факултативни тури
  • Други индивидуални трошоци
  • Патничко осигурување
  • Зелена такса за МАЛДИВИ (околу 6 УСД по лице на ноќ) која се плаќа директно на рецепција во хотелот
  • Сѐ што не е наведено во ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО

ОПИС:

Најромантичната егзотична дестинација и рај за љубителите на нуркање и едрење. Малдивите се архипелаг со 26 кружни корални атоли и околу 1190 корални острови во јужниот дел на Индискиот Океан. Главниот и најголем град Малдиви е Мале, со околу 100.000 жители. Се наоѓа на истото име Машки остров, 645 километри југозападно од Шри Ланка. Меѓународниот аеродром Ибрахим Насир се наоѓа на островот Хулхуле, 1км (10 минути од ферибот) од главниот град Мале.

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Понудата важи за минимум 2 пријавени патници – индивидуален програм
  • Рок на потврда на понуда и резервација е 24 часа по уплата на аконтација
  • За ова патување не се потребни медицински имунизации
  • Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ