Малта – 8ми Март 2020 – Авионска Програма
Valletta, Malta: skyline from Marsans Harbour at sunset. The cathedral

Малта – 8ми Март 2020 – Авионска Програма

Малта е најголемиот остров и културен, трговски и административен центар. Тука се премостуваат милениуми од неверојатен спектар на работи кои треба да се откријат. Каде и да одите, сценографијата и архитектура се со спектакуларна позадина. Боите се впечатливи, боите на меден-камен во мешавина со медитеранската сина. Малта е опишан како еден голем музеј на отворено. Она што ја прави уникатна е тоа што толку многу од минатото е видливо денес. Истражете ја мистериозната праисторијата на островот, рутата на стапките на Свети Павле или пак видете каде витешкиот ред на Свети Јован се борел во своите најпознати битки. Малта е одмор, Малта е расположение… Може да се релаксирате со спорт, да ги посетите познатите историски знаменитости, и сеуште да имате време за ноќен живот. Тоа е вистинската предност на престојот тука. Малта има велнес и спа објекти на луксузни хотели и одморалишта. И, ако тоа не ви е доволно, тука се другите два острови – Гозо и Comino-кои може да бидат пријатна промена на сцена за време на вашиот престој во Малта. Изборот е ваш!

07 март 2020 (сабота) СКОПЈЕ – МАЛТА

Состанок на групата на аеродром Скопје во 10.30 часотПолетување во 13:05 часот . Слетување на аеродром во Малта во 14,50 часот (локално време).  Трансфер и сместување во хотел 4*. Слободно попладне. Ноќевање1.

08 март 2020 (недела)МАЛТА- ГОЗО

Појадок. Можност за факултативна целодневна посета на Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Тргнување со брод од пристаништето Cirkewa. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… посета на Dwejra, спектакуларно место каде се наоѓал Азурниот прозорец, како и посета на црквата ta’Pinu… Цена на турата (со вклучен ручек) 55 Еур. Попладне враќање во хотел. Ноќевање2.

09 март 2020 (понеделник) Моста-Мдина-Валета

Појадок. Појадок. Можност за факултативна целодневна екскурзија до M0sta, Mdina, Crafts Village i Valetta. Разглед на Валета изграден од витезите на St. John. Разгледот го започнуваме со 3Д шоу каде низ видео запис ќе првично ќе се запознаеме со Малта. Потоа прошетка низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив. Посета на богато украсената Катедрала и музејот на St. John, со светски познатите уметнички ремек дела на Караваџо и Матија Прети … Цена на турата: 50 Eur. Попладне враќање во хотел. Ноќевање3.

10 март 2020 (вторник) МАЛТА – СКОПЈЕ Појадок. Слободно претпладне. Екскурзијата кон трите града Senglea-Isla, Vitoriossa-Birgu, Conspicoua Bormla, едни од најубавите историски места на Малта, од каде ќе ги дознаеме за историјата и културата на Малтежаните. Бедемите кои се направени за заштита на градот од витешкиот ред, кои датираат од 16ти век.Организиран трансфер до аеродром во 12.00 часот. Полетување за Скопје во 15:35 часот. Слетување во Скопје во 17:15 часот. Организиран трансфер до Битола и останати градови со доплата..

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ; 299 Еур/ 18.538,00

– 10 % (269 Eur/ 16.684,00)  ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА НА 31/12/2019!

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Авионски превоз на наведената релација Скопје – Малта – Скопје со WizzAir
– Авионска карта со рачен багаж со димензии
– Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Малта.
– Сместување во хотел 4* во на база 3 ноќевања со појадок (базен, фитнес, сауна) https://www.hotelsantana.com/
– Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Трансфер Битола-Скопје-Битола 15 Еур

– Доплата за багаж од 10 кг 35 Еур
– Факултативна посета на Моста-Мдина-Валета (МОСТА – ТА’АЛИ ) 50 Еур
– Факултативна посета на Гозо 55 Еур (вклучен ручек)
– Факултативна посета на Трите Града SЕNGLEA, BIRGU, BORMLA – 25 Еур (ГРАТИС ЗА УПЛАТА ДО 31/01/2020)
– Туристичка такса во хотел
– Влезници за културно историските музеи
– Патничко осигурување
– Сите неспоменати трошоци

НАПОМЕНИ:
* ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
* За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
* За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
* Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,
комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
* Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
* Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција
Општи напомени за патување:
– Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.