Малта – Сигурна реализација – 25-28.03.2018

Малта е најголемиот остров и културен, трговски и административен центар. Тука се премостуваат милениуми од неверојатен спектар на работи кои треба да се откријат. Каде и да одите, сценографијата и архитектура се со спектакуларна позадина. Боите се впечатливи, боите на меден-камен во мешавина со медитеранската сина. Малта е опишан како еден голем музеј на отворено. Она што ја прави уникатна е тоа што толку многу од минатото е видливо денес. Истражете ја мистериозната праисторијата на островот, рутата на стапките на Свети Павле или пак видете каде витешкиот ред на Свети Јован се борел во своите најпознати битки. Може да се релаксирате со спорт, да ги посетите познатите историски знаменитости, и сеуште да имате време за ноќен живот. Тоа е вистинската предност на престојот тука. Малта има велнес и спа објекти на луксузни хотели и одморалишта. И, ако тоа не ви е доволно, тука се другите два острови – Гозо и Комино-кои може да бидат пријатна промена на сцена за време на вашиот престој во Малта.

25 Mарт 2018 БИТОЛА-СКОПЈЕ – МАЛТА

Состанок на групата Спортска Сала 13.00 часот. Поаѓање во 13.30 часот. Организиран трансфер до аеродром Скопје . Полетување во 17:50 часот . Слетување на аеродром во Малта во 19,30 часот (локално време). Трансфер и сместување во хотел ST Bluebay apartments Sliema. Сместување во хотел. Слободно време.Ноќевање1.

26 Март 2017  МАЛТА- ГОЗО

Појадок. Можност за факултативна целодневна посета на Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Тргнување со брод од пристаништето Cirkewa. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… посета на Dwejra, спектакуларно место каде се наоѓал Азурниот прозорец, како и посета на црквата ta’Pinu… Цена на турата (со вклучен ручек) 55 Еур. Попладне враќање во хотел. Ноќевање.

27 Март 2018 Моста-Мдина-Валета

Појадок. Појадок. Можност за факултативна целодневна екскурзија до M0sta, Mdina, Crafts Village i Valetta. Посета на катедралата St.John и сликите на Caravaggio, kako и посета н 3Д шоу во кино, каде се гледа историјата на Малта. Доколку дозволи времето посета и на градините на St.Anton… Цена на турата: 50 Eur.  Попладне враќање во хотел. Ноќевање.

28 Март 2018 МАЛТА – ТРИТЕ ГРАДА – СКОПЈЕ – БИТОЛА

Појадок. Организирана факултаттивна тура со брод до трите града Senglea-Isla, Vitoriossa-Birgu, Conspicoua Bormla, едни од најубавите историски места на Малта, од каде ќе ги дознаеме за историјата и културата на Малтежаните. Бедемите кои се направени за заштита на градот од витешкиот ред, кои датираат од 16ти век. Цена на екскурзијата: 30 Eur.  Организиран трансфер до аеродром во 16.00 часот. Полетување за Скопје во 20:05 часот. Слетување во Скопје во 21.50 часот. Трансфер до Битола.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 299€/ 18,530,00денари

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на наведената релација Скопје – Малта – Скопје со WizzAir
  • Рачен багаж со димензии 45 х 40 х 32 цм  10кг
  • Трансфер Битола-Скопје-Битола
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Малта.
  • Сместување во хотел 4* во на база 3 ноќевања со појадок
  • Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Факултативна посета на Мдина (МОСТА – ТА’АЛИ – ГРАДИНИТЕ на СВ.АНТОН)  50€
  • Факултативна посета на Гозо 55€ (вклучен ручек)
  • Факултативна посета на Трите Града SЕNGLEA, BIRGU, BORMLA  30€
  • Туристичка такса во хотел
  • Влезници за културно историските музеи
  • Патничко осигурување
  • Сите неспоменати трошоци

НАПОМЕНИ: 

  • ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,
  • Комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 личности, пријавувањето е при резервација во агенција

Општи напомени за патување: 

  • Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.