ОПИС
Новиот термален Спа Ресорт Медите е целосно обновен и реновиран во 2018 г. и ви нуди светли и пријатни простории, исполнувајќи ги сите можни желби за луксузен и постмодерен класичен комплекс. Се наоѓа во една од најубавите локации со панорамски поглед на запад на целиот град Медите Спа Ресорт е прв и единствен дизајниран хотел во Сандански, проектиран од италијанскиот дизајнер Раимондо Флакомио во 2004 година и редизајниран од Дрен Руди во 2018 година. Комплексот располага со 86 хотелски соби и апартмани, 8 самостојни вили, конференциска и сала со капацитет до 200 лица, просторен спа и велнес центар, фитнес сала, затворен и отворен базен, инфинити базен, гурманските и традиционални ресторани, лоби бар. Сето ова го прави Сандански најпосакувана дестинација за елитен начин на живот, како и за организирање на настани со меѓународно учество. Спа Ресорт Медите е изграден на антички тракиски минерални бањи. Познатиот Тракиец Спартак е од племето Меди, кое го населува регионот Сандански.
Медите Спа Ресорт прогласен како најдобар спа ресорт на Балканот за 2018 од Балканскиот сојуз на угостителски здруженија-BAHA.
Пакет Велигден 13.04-18.04.2023
ЦЕНОВНИК
сместување | лица | 3BB | 3HB | 4BB | 4HB |
Де лукс | 2 | 652€ | 736€ | 787€ | 872€ |
Де лукс | 1 | 529€ | 591€ | 634€ | 701€ |
Де лукс со балкон | 2 | 683€ | 767€ | 823€ | 907€ |
Де лукс со балкон | 1 | 560€ | 621€ | 675€ | 737€ |
Премиум | 2 | 706€ | 782€ | 849€ | 932€ |
Премиум | 1 | 575€ | 644€ | 700€ | 762€ |
Премиум со балкон | 2+1 | 736€ | 813€ | 890€ | 972€ |
Премиум со балкон | 1 | 598€ | 660€ | 726€ | 787€ |
Јуниор суит | 2+2 | 943€ | 1066€ | 1135€ | 1263€ |
Апартман де лукс | 4+1 | 1242€ | 1419€ | 1503€ | 1648€ |
Вила со 1 спална | 2+1 | 1327€ | 1480€ | 1616€ | 1744€ |
Вила со 2 спални | 4+2 | 1818€ | 2193€ | 2209€ | 2615€ |
Вила 3 со 3 спални | 6+2 | 2500€ | 2937€ | 3032€ | 3497€ |
Доплата трет возрасен | 146€ | 207€ | 169€ | 241€ |
Цените се во €, плаќање во денарска противвредност 1€ = 62,00 мкд
Легенда: Возрасен adl, дете chd, ноќевање со појадок BB, полупансион HB
Во цената е вклучено:
- пакет цена по соба ноќевање со појадок или појадок и вечера,
- Велигденски доцен појадок 16.04.2023
- Празнична програма
- надворешен и внатрешен базен со минерален базен,
- надворешно џакузи
- сауна,
- парна бања,
- јодна соба,
- соба за релаксација,
- фитнес,
- паркинг,
- детско игралиште,
- сеф,
- туристичка такса,
- ДДВ
Во цената не е вклучено:
- Превоз
- патничко осигурување
Приговори и поплаки:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепција. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.