You are currently viewing Хотел Белви 4* & Хотел Метропол 4*, Охрид – Новогодишен Пакет

Метропол Езерски Комплекс – Хотел Белви 4* и Хотел Метропол 4* – Охрид

Новогодишна понуда 2021-2022

 

ОПИС:

Хотел Метропол се наоѓа меѓу брегот на Охридското езеро и зелената шума на Националниот Парк Галичица од каде има прекрасна глетка на езерото и планината. Вкусете ја автентичната регионална кујна како и интернационалната, придружени од звуците на традиционалната музика додека уживате во езерската глетка. Искористете ја банкет салата како и салата за конференции. Во Метропол можат да се организираат конференции како и поголеми собири.

Хотел Белви – Имајте корист од супер погодностите во Хотел Белви, кој има одлична локација на брегот на Охридското езеро со 500 метарска приватна плажа со базен и тоалети. Нашиот ресторан има одлична кујна и капацитет од 220 места и надворешна тераса. Хотел Белви има сала за појадок за 110 луѓе, бар за 60 гости, и аперитиф бар и клуб Табу со површина од 700 м. квадратни.

Белви со опција за ноќевање со појадок и полу пансион.

Хотел Метропол , ноќевање со појадок. Доколку гостите сакаат да користат оброци ,може , но во ресторанот на хотел Белви (ова е со ограничен капацитет, затоа основната понуда за хотел Метропол треба да биде само ноќевање, опција за оброци имаат и на бифињата на плажа

 

ЦЕНОВНИК:

Хотел Тип на соба Аранжман
2ПП 3ПП 4ПП
****

МЕТРОПОЛ-БЕЛВИ

Еднокреветна 180€ 240€ 280€
  Двокреветна 125€ 159€ 189€
  Трокреветна 108€ 143€ 170€

 

Цената вклучува:

  • Цените се во евра по лице, полу пансион, со вклучени туристичка такса и ДДВ;
  • Специјална гала вечера и неограничени наливни пијалоци во ресторанот на Хотел Метропол/Белви на 31/12/21 и специјална вечера на 01/01/22 – класично послужување, вклучени во пакетот;
  • Појадок покрај езеро вклучен во цената;

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Индивидуални трошоци

Доплата и попусти:

  • Доплата за плус ноќевања 35€ по лице во двокреветна соба, по ноќ;
  • Едно дете до 10 години во трокреветна соба добива 40% попуст;

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ