Милано – Велигден 2019 -Сигурна Реализација

Велигден – Милано (Џенова-Лугано – Комо – Верона)

“Северниот Бисер”на Италија како го нарекуваат Милано, со бурна историја и стари градби, денеска е центар на Светската Мода. Се е предодредено на Модата , од Архитектурата до спомениците и начинот на живот. Тука ќе уживате во ремек делото на Готиката во ликот на најголемата Готска Катедрала во Светот, најпознатата Оперска куќа во светот – La Scala, Пасажот на Виктор Емануел со бројни брендирани бутици. А вечерите поминете ги во Опера, Театар или во многубројните клубови.

1 ден 25.04.2019 СКОПЈЕ – МИЛАНО

Состанок на групата во 11:30 часот и поаѓање за Милано во 12:00 часот на паркингот кај спортски центар „Борис Трајковски“. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 26.04.2019 МИЛАНО

Пристигнување во Милано во попладневните часови. Сместување во хотел. Можност за прошетка по раздвижените улици на модниот центар на светот, многубројните дуќани, луксузни трговски центри… Можност да пробате традиционални италијански специјалитети во некој од локалните ресторани (индивидуално со локален превоз со пртителот на групата). Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 27.04.2019 МИЛАНО

Појадок. После појадокот следи организиран разглед на Милано (факултативно): Миланската катедрала, операта, галеријата Виториo Емануелe, замокот Sforza, плоштадот и катедралата Дуомо, градската куќа, црквата Santa Maria delle Graziе…  Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел… Слободна вечер и можност за прошетка низ центарот на градот. Ноќевање.

4 ден 28.04.2019 ЛУГАНО – КОМО

Појадок. После појадокот следи целодневен факултативен излет на Лугано, градче во Швајцарија, што лежи на брегот на езерото Лугано под Алпите. Поради добрите климатски услови, развиеното банкарство и понудата за богата забава, го нарекуваат “Швајцарско Монте Карло”. Посетата на Лугано дава можност за прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија Parco Civico… Прошетката продолжува со посета на монденското градче Комо кое се наоѓа на брегот на истоименото езеро, кое е трето по големина во Италија. Слободно време за индивидуални прошетки или факултативана можност за возење со брод по езерото. Во попладневните часови враќање во Милано. Слободно време за одмор или посета на надалеку познатите италијански ресторани и кафетерии кои со својата префинетост ќе ја направат вечерта пријатна и незаборавна (индивидуално со локален превоз). Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден 29.04.2019 МИЛАНО – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот и заминување за Верона. Пристигање во Верона во пладневните часови. Разглед на градот со посета на куќата и гробот на Јулија, колосеумот, плоштадите Бра и Ебре. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови заминување за Скопје со попатна пауза за посета на популарниот аутлет шопинг центар McArthur Glen. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

6 ден 30.04.2019 СКОПЈЕ

Пристигање во Скопје во претпладневните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 01.03: 189€/ 11.720 ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 209€/ 12.960 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел со 3* – 3 НП (ноќевање со појадок) во Милано
  • Организиран разглед на Верона
  • Организација, реализација и придружник на патувањето
  • Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Организиран разглед на Милано со локален водич – 10€
  • Факултативен излет на Лугано и Комо – 35€
  • Туристичка такса за ноќевање во Милано (3-5€ по ноќ, се плаќа во хотелот)
  • Влезници за културно-историските знаменитости
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко осигурување –  5€
  • Доплата за еднокреветна соба 4.650 денари

НАПОМЕНА

  • За реализација на аранжманот потребен е минимален број 45 платежни патници.
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
  • Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
  • Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица (во зависност од факултативата). За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации
  • Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. агенцијата не сноси одговорност.
  • Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци или доколку не се оствари минималниот број на патници.
  • Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
  • Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
  • За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови за патување на СКТМ и С-ТРАВЕЛ