You are currently viewing 8ми Март 2022 -Венеција, Милано и Верона

1.ДЕН (04.03.2022 – петок) : БИТОЛА Состанок на групата на Граддската Автобуска станица во 08.30 часот. Поаѓање за Италија во 09.00 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Белград, Загреб…денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

2.ДЕН (05.03.2022 –сабота) : ТРСТ – ЛИДО Ди ЈЕСОЛО Пристигнување во трст во касните утрински часови. Прошетка низ старото градско јадро…плоштадот на Обединувањето, Понте Росо, каналот Гранде…слободно време. Патувањето продолжува кон Лидо Ди Јесоло. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуален разглед на едно од најголемите летни туристички места во Италија…Ноќевање.

3.ДЕН (06.03.2022 – недела): ЛИДО Ди ЈЕСОЛО – МИЛАНО – ВЕРОНА Појадок. По појадокот – заминување за Милано, со попатна посета на ТЦ FRANCIACORTA (во близина на Бреша). Пристигнување во Милано кога и започнува пешачката тура со стручен водич…тврдината Сфорцеско, Пјаца ДУОМО – плоштадот каде се наоѓа најголемата Готска катедрала во светот, па продолжуваме низ галеријата Виторио Емануеле, која не води се до Миланската „Скала“ – најпознатата оперска куќа во Италија и Европа. Слободно време за шопинг или индивидуален разглед на градот. Во договор со придружникот на групата – поаѓање за Верона…пристигнување во попладневните часови. Разглед на градот…плоштадот Бра, Арената, па преку улицата Манцини и старото градско јадро на Верона – пристигнуваме до плоштадот Ербе, како и куќата на Јулија…слободно време за индивидуален разглед на стариот град или шопинг…Поаѓање за Лидо Ди Јесоло. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

4.ДЕН (06.03.2022 – понеделник) : ЛИДО Ди ЈЕСОЛО – ВЕНЕЦИЈА Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Трансфер до Пунта Сабиони, каде се качуваме на брод за Венеција. Со „вапорето“ пловиме околу 45 минути, пристигнуваме во близина на плоштадот Сан Марко, каде не чека нашиот водич, кога и започнува разгледот на „Заспаната Убавица“…мостот на „воздишките“, плоштадот и црквата Сан Марко, Дуждевата Палата, каналот Гранде, мостот Риалто, куќата каде престојувал Казанова, куќата каде се родил и растел Марко Поло…во слободното време Ви препорачуваме една романтична тура низ Венецијанските канали со гондола…поаѓање за Пунта Сабиони во попладневните часови. Поаѓање за Македонија. Патот води преку Трст, Загреб, Белград…ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори. Пристигнување во Македонија во попладневните часови, наредниот ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 6.140,00 ден. (99 €) – за уплати до 31.01.22

Редовна цена: 8.000,00 ден. (129 €) 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :

  • Автобуски превоз на горенаведената релација (високоподен, со аудио и видео опременост);
  • Посета на Трст;
  • 2 НП во хотел со 3* во Лидо Ди Јесоло (сместување во дво и трокреветни соби);
  • организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици.
  • патничкото осигурување,
  • индивидуални трошоци,
  • обавезна комунална такса која за хотелите со 3* изнесува 2 € по лице дневно и истата се плаќа директно на рецепција.

ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА :

  • Факултативен излет за Венеција (трансфер до пристаниште + брод Пунта Сабиони-Венеција-Пунта Сабиони + локален водич) – 25 € по лице,
  • Факултативна посета и разглед со стручен водич на Милано и Верона – 40 € по лице;
  • За изведување на факултативни излети, потребен е минимум 30 лица, за секој излет посебно.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ :

  • Резервација за 1/1 соба се прави исклучиво на барање и доплатата изнесува 25 €
  • Децата на оваа програма не остваруваат попуст.

НАПОМЕНА :

  • Начин на плаќање: 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.
  • Патните исправи треба да бидат со важност од минимум 180 дена од денот на завршетокот на аранжманот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните исправи.
  • Застанувањата поради попатни одмори (паузи) се предвидени на секои 3-4 часа возење на попатните рест-ареи, а во зависност од расположливоста и капацитетот на рест-ареата и условите на патот.
  • Распоредот на седење во автобусот компјутерски се одредува (со датата на уплата на аранжманот), во зависност од капацитетот и типот на истиот.
  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. С-ТРАВЕЛ и СКТМ