Комплекс Минами – Охрид
ОПИС:
Вила МИНАМИ – куќа за гости се наоѓа во селото Коњско во Националниот парк Галичица, сместена на 1100 метри надморска височина. Вилата се наоѓа на 11 км од центарот на Охрид и 3 км од најблиската плажа. Куќата е опкружена со планината Галичица, големи прекрасни ливади, збогатена со уникатен прекрасен поглед на целото Охридско езеро. Уживајте во мирот, тишината и звукот на птици, овде можете да вкусите традиционална домашна кујна придружена со чаша домашна лоза, ракија или сок.Комплекс Минами нуди 3 простории со големи брачни кревети со поглед на езерото и планината и голема дневна соба со традиционален стил. За целото патување за да биде подобро, во близина на Вилата МИНАМИ се наоѓа црква изградена во 1921 година, старо село со стари куќи од формата 1920 година, место каде што можете да ги направите вашите убави фотографии.
ЦЕНОВНИК:
Ценовник за ноќевање за сезона 2020 Комплекс Минами – Охрид |
Вила Минами макс 6 луѓе
Се состои од :
|
– Цена по лице
|
Мина студио макс 4 лица (минимум 2 лица)
Се состои од : |
– Цена по лице
Ноќевање со доручек – 850 мкд (1300мкд сам во соба)
|
Деца до 5 години – бесплатно
|
СЛИКИ:
УСЛОВИ:
- Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
- Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.