Мини Одмор 5BB (25.09-30.09.2020) – Kalemi’s Beach and Hotel 3* – Саранда, Албанија

Мини Одмор 5ВВ – Kalemi’s Beach & Hotel – Саранда

(25.09.2020-30.09.2020)

ПРОГРАМА:

6 дена / 5 ноќевања со појадок / автобуски превоз

1 ДЕН (25.09.2020):

Поаѓање за Саранда од Битола на паркингот Спортска сала во 02.00 часот со туристички автобус. Патот води преку Ќафасан  низ Албанија по новиот автопат. Пристигнување во Саранда  во претпладневните часови, сместување во хотел  Kalemi’s Beach and Hotel 3*.  Ноќевање.

2 – 5 ДЕН (26.09-29.09.2020):

Појадок. Ден за слободни активности и одмор. Ноќевање.

6 ДЕН (30.09.2020):

Појадок. Во 10ч напуштање на собите  и слободно време за на плажа.

Можност за посета на Ксамил и изворот Сино око. Доплата 320 МКД по лице. Попладне во 16ч. поаѓање за Македонија со попатни одмори.  Пристигнување во Битола во доцните вечерните часови.

ЦЕНА:

7.815 денари ПО ЛИЦЕ

Цената вклучува:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • Сместување во хотел Kalemi’s Beach and Hotel 3*  на база 5 ноќевања со појадок
  • Туристичка такса
  • 2 лежалки
  • Организација и пратител на патувањето

Цената НЕ вклучува:

  • Трансфери останати градови (10 Еур)
  • Патничко осигурување

Доплата:

  • Еднокреветна соба 9.355 МКД.
  • Деца 2 -12 години 4.650 МКД
  • Трет возрасен 6.450 МКД
  • Сопствен превоз -1.240 МКД. од цената.

СЛИКИ:

ОПИС:

Саранда (албански: Sarandë; италијански: Santi Quaranta; грчки: Άγιοι Σαράντα) — град во јужна Албанија, сместен покрај брегот на Јонското Море. Тој е центар на истоимената околија и е една од најважните туристички центри во Албанија. Наспроти Саранда се наоѓа познатиот грчки остров Крф или Керкира. Во градот живеат околу 50.000 жители, а има и бројно етничко грчко население. Во последните години градот брзо се развива, а особено туризмот. Името Саранда потекнува од грчкиот збор -Σαράντα , што значи четириесет и се однесува на 40-те ерменски војници кои што не сакаа да се одречат од Христа. По наредба на кралот Лициниј, оставени се на немилост да умрат од студ. Официјална валута е „лек “, не е проблем и да платите во евра, но кусурот го добивате во леки. Во секој маркет, ресторан, кафуле – за 1 евро добивате 130 леки. Отприлика 1:2 е соодносот со македонскиот денар.

Хотел Kalemi’s Beach and Hotel 3* – сместен е само на неколку чекори од приватна плажа во склад на хотелот и на околу 1,3 км од центарот на градот Саранда. Секоја соба е климатизирана (во цената), ТВ,  современо купатило опремено со када или туш, крпи.  Достапна е и услугата rent a car. Хотелот нуди прекрасно мени на храна каде што може да вкусите традиционална грчка храна. Располага со 5 двокреветни, 2 четирикреветни и 18 трокреветни соби. Хотелот е оддалечен околу 1 км од Фери пристаништето и главната автобуска станица. Ксамил е оддалечен на околу 15 км. Замокот Лекуриши e оддалечен околу 5 км од каде што може да уживате во панорамскиот поглед на Саранда. Националниот парк Бутринт, заштитен од УНЕСКО и неговиот антички град се наоѓа на оддалеченост од околу 20 км.

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета, државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети и сл.
  • Релациите кои се наведени како ТРАНСФЕР се реализираат со патнички возила или комбе.
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
  • 2 дена пред започнување на аранжманот Агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање.
  • Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски со бројот на резервација со пријавувањето на патниците со авансната уплата. Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€ по лице (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ