Valentine’s Day 2022 – Сараево и Мостар
ПРОГРАМА:
ПРВ ДЕН (12.02.2022)- САБОТА Поаѓања се организирани од повеќе градови во Македонија. Поаѓањето од Скопје е околу 20:00ч но патниците за точно време на поаѓње се известуват на еден пред поаѓање. Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи.
ВТОР ДЕН (13.02.2022)- НЕДЕЛА Влегувањето во Босна и Херцеговина е во утринските часови. По влегувањето во Босна на околу 20 км пристигнуваме во Вишеград, прекрасен град каде туристите имаат можност да уплатат за крстарење по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот, да ги слушнат легендата за близнаците Стоја и Остоја како и легендата за невестата Фата. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден од Мехмед Паша Соколовиќ,а кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Во договореното време групата продолжува во Сараево на разглед со локален водич.По разгледот, слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел околу 19:00ч. Ноќевање.
TРЕТ ДЕН (14.02.2022)- ПОНЕДЕЛНИК Третиот ден започнува со појадок во хотелот и е резервиран за денот на вљубените .Првото место за посета е Јабланица. која не пречекува со приказната за „Неретва“.Групата ќе има можност да го посети местото кадее снимен познатиот филм „Битка за Неретва“. Екскурзијата продолжува кон Мостар, заљубените можат да ги направат најубавите романтични фотографиипод Мостот или низ тесните улички.Слободно време за индивидуални активностии ручек. Враќање во хотел. Можност за посета на Аvaz Twist кулата или посета на најстарата пивница во Сараево. Ноќевање
ЧЕТВРТИ ДЕН (15.02.2022)- НЕДЕЛА По доручекот, во 09:00ч се упатуваме кон Тунел Спаса. Жителите на Сараево за време на војната не можеле да излезат од градот затоа што постоела опасност да бидат застрелани од снајперисти. Сепак тие сакале да најдат начин да стигнат до населбата Бутмир. Еден босански градежен инженер, Неџад Бранковиќ, ги подготвил плановите за тунелот што ќе ги поврзува двете предградија. Во тунелот се влегувало преку една обична куќа во близина на аеродромот, која му припаѓала на Бајро Колар, во Бутмир, а во Добриња влезот бил во една гаража во станбена зграда. Секојдневно меѓу три и четири илјади луѓе и триесет тони разна стока поминувале низ тунелот. Првично, набавките требало да се носат рачно или на грбот на војниците, додека не се поставила железничка пруга со вагони што ги туркале мажите. Враќње во хотел. Се зимат патниците кои нема да одат на екскурзија и се продолжува Дрвегнрад. Слободно време за прошетка и поаѓање кон граница. Пристигнување после полноќ на 16.02.2022.
ЦЕНА:
Промо цена: 99 € до 31.01.2022
Редовна цена: 109 €
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз oд: Битола(Спортска сала), Прилеп(Лукоил бензинска), Росоман (пазарче), Велес(Макпетрол), Скопје(Паркинг кај хотел Вип) и Куманово (Макпетрол бензинска)
- Сместување во хотел со 4* со доручек
- Посета на Вишеград и Андричград
- Разглед на Сараево со локален водич
- Посета на Дрвенград
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Посета на Јабланица и Мостар- 30 €- (се плаќа во автобус)
- Посета на Тунел Спаса- 15 € од лице- (се плаќа во автобус)
- Туристичка такса 2 € од лице за две ноќевања – (се плаќа во автобус задолжително)
- Крстарење во Вишеград- 5 € од лице- (се плаќа во автобус)
- Босански Пакет (Тунел Спаса, Јабланица и Мостар)- 40€ (Изјаснување од страна на патникот при уплата за користење на пакетот)- 5 € заштеда
- Доплата за сингл соба доколку патувате сами- 25 € од лице на аранжманот
СЛИКИ:
НАПОМЕНИ:
- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- За деца од 3 до неполни 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години.
- Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 12 неполни години, за детето се плаќа 70% од сумата на аранжманот
- За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
- За ова патување потребно е да се приложи сертификат за вакцина или брз антиген тест
- Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
- Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
- Распоредот на седишта се нумерира според уплатата.
- Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 € за два правци и право на избор на седиште.