You are currently viewing Велигден 2022-Хотел Мурите 4* Разлог Бугарија

 

  Цените се валидни од 21.04 до 25.04.2022

       Ноќевање на база АLL Inclusive / се вклучено

 

Вид на сместување 2 ноќевања АЗАЛИА 3 ноќевања АЗАЛИА 2 ноќевања ОРХИДЕА 3 ноќевања ОРХИДЕА
Двокреветна соба ( 2+0) 108€ 162€ 96€ 144€
Aпартман 1/2, 1/4, 1/6 120€ 180€ 108€ 162€

 

 Цените се во евра по лице за 2/3 ноќевања и вклучуваат:

  • Ноќевање на база АLL Inclusive / се вклучено
  • (Појадок, ручек, ужина, вечера, неограничени локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, кафе и чај од 10:00 до 22:00)
  • ПРАЗНИЧЕН ВЕЛИГДЕНСКИ РУЧЕК НА 24.04.2022 вклучува: богата празнична блок маса со печено јагнешко и програма со жива музика, многу изненадување.
  • Бесплатен транспорт до црквата во Разлог на 23.04/2022 во вечерните часови
  • Користење на СПА Центар (внатрешен затоплен базен ,надворешен базен , детски базен , џакузи, сауна, парна бања, фитнес)
  • Детски кат,
  • паркинг,
  • интернет

Во цената не е вклучено :

  • патничко осигурување
  • туристичка тaкса 1€ по лице на ден

Доплати и попусти :

  • Деца до 3.99 год. во апартман на дополнително легло БЕСПЛАТНО
  • Прво дете од 04-13.99 год. на дополнително легло – БЕСПЛАТНО
  • Второ дете од 04-13.99 год. на дополнително легло – 50% попуст
  • Возрасен на дополнително легло – 30 % попуст од сумата .
  • Доплата за еднокреветна соба + 50% од сумата .
  • НАПОМЕНА : За сместување во двоспален апартман се плаќаат 4 редовни суми
  • НАПОМЕНА : За сместување во троспален апартман се плаќаат 6 редовни суми

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ