You are currently viewing Вила Наташа Валентино – Полихроно

Villa Natassa Valentino – Polihrono

-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И УПЛАТА ДО 15.07.2021

ОПИС:

Локација: Една од најпопуларните вили во Полихрон, сместенa на 90 метри од плажа и на 800 метри до центарот на градот.

За хигиената на апартманите, секој гостин се  грижи за својот апартман. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. Вилата се смета за една од нај одржуваните, затоа да бидеме добри гости. Апартманите не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата. Топлината која ја има вилата и самиот амбиент во неа, дава слика како да е една куќа за големо друштво или голема фамилија, затоа и самите балкони едни од други не се физички оделени. И како што им кажуваме на сите наши гости … сакаме да ги третираме сите  како наши пријатели и семејство, нормално и тие да се чуствуваат така меѓу себе.

Соби: Сместувачките единици на овој објект, се состојат од класични апартмани 1/3 + 1 и 1/4 дуплекс. Апартманите 1/3 + 1 се сместени на сутерен, прв и на втор спрат. 1/4 дуплексите се сместени на сутерен. Сите апартмани во вилата имаат купатило, ТВ, клима, Wi-Fi (вклучени во цената), кафемати, комарници, бебешко креветче (по потреба). 

  • 1/3 +1 АПП: се наоѓаат на сутерн и прв спрат. Составени се од комплет опремена кујна (на сутерен се со шпорет и комбиниран фрижидер), кревет на развлекување погоден за 1 возрасен и 1 дете, спална соба од која се излегува на пространа тераса, се наоѓаат два стандардни кревети, купатило,ТВ, клима Wi-Fi (вклучени во цената), кафемат, комарник, тераси на предната и задната страна … (можност за сместување на 3 возрасни и 1дете до 12 г. ).
  • 1/4 дуплекс: се наоѓа на сутерн. Составен е од две одвоени спални соби (едната со француски лежај, а другата со два стандардни кревети), кујна, Wi-Fi (вклучени во цената), кафемат, комарник, тераси на предната и задната страна . (можност за сместување на 4 возрасни)
  • Сутерен (бр. 1 , 2 , 3)
  • бр.1 спална + 2 посебни кревети (Д)
  • бр.2 спална + 1 на развлекување (А)
  • бр.3 спална + 1 на развлекување (A)
  • I спрат (бр. 4,5)
  • 2 апартмани 1/3+1 – две тераси (напред и назад) 
  • бр.4 спална со 2 оделни кревети+ 1 на развлекување (А)
  • бр.5 спална со 2 оделни кревети+ 1 на развлекување (А)

Содржини: Погодна за семејства со деца. Прекрасен зелен двор со лежалки, маси, играчки за деца, гарнитура за седење, скара, како и заграден паркинг исклучиво за гостите на вилата. Дворот е посебна приказна за добра денска или ноќна седенка, прекрасната трева, палмите и сите додатни елемнти во него, даваат можност за секој гостин да го најди својот мир. Двор во кои ќе можат сите од деца до родители да уживаат во него. Секако колку што е грижата на градинарот, треба и да биде и грижа на секој гостин да ја задржи таа убавина. Најмаладите можат да уживаат во многубројните играчки , возрасните дружење  покрај скарата.

Плажа: 90 метри од плажа.

Координати: 40.020721,23.519095

Одалеченост:

  • Солунски аеродром: 87км
  • Ханиоти: 5км
  • Пефкори: 9км
  • Калитеа: 11км
  • Центар на Полихроно 800м
  • Организирана плажа со лежалки, кафе / пијалоци и водни спортови: 150м (пеш) !!!

Check in: 14:00h.

Check out: 09:00h.

ЦЕНОВНИК: 

Период Ноќ. 1/3 апп 1/3+1 апп 1/4  дупл. Коментар
23.05-30.05 7 101€ 111€  121 € промо
30.05-06.06 7 123€ 133€ 143€ промо
06.06-13.06 7       163€           173€           203€  
13.06-20.06 7       243€           263€           293€  
20.06-27.06 7       303€           333€           373€  
27.06-04.07 7       353€           363€           393€  
04.07-11.07 7       363€           383€           403€  
11.07-18.07 7       393€            403€           443€  
18.07-25.07

продадено

7       433€           443€           473€  
25.07-01.08

продадено

7       433€           443€           473€  
01.08-08.08

продадено

7       433€           443€           473€  
08.08-15.08 7       433€           443€           473€  
15.08-22.08 7       433€           443€           473€  
22.08-29.08 7       389€           403€           433€  
29.08-05.09 7       353€           373€           389€  
05.09-12.09 7       263€           283€           303€  
12.09-19.09

продадено

7       123€           133€           143€ промо
19.09-26.09 7       101€           111€           121€ промо

Цената вклучува:

  • 7 ноќевања
  • Клима уред
  • Wi-Fi
  • Паркинг

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Индивидуални трошоци
  • Туристичка такса – 0,5€ на ден (се плаќа во агенцијата)

Превоз:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:

  • Битола – (Автобуска Станица Транскоп-на перон)-35 еур по лице
  • Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола – 35 еур по лице
  • Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола – 40 еур по лице
  • Кичево (БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола – 45еур
  • Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 40 еур по лице
  • Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 40еур по лице
  • Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена за Скопје, Битола и Штип
  • Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики 

  • Скопје (Дрводекор) – 35еур по лице
  • Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 45 еур по лице
  • Струмица (БП Макпетрол кај нов кружен тек)-Трансфер до Удово – 45 еур по лице
  • Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35еур по лице
  • Удово (бензинска пумпа Удово) – 35еур по лице
  • Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35еур по лице

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Можност за плаќање од 6 до 12 рати!!!
  • Услови за “early booking”:За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.
  • На промо цените не следува попуст!!!
  • С – Травел го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во  во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70%.
  • За патување во Грција патниците задолжително треба да поседуваат ВАЛИДЕН ДОКУМЕНТ ЗА ПРИМЕНА ВАКЦИНА ПРОТИВ “КОВИД 19“, ИЛИ ВАЛИДНА ПОТВРДА ЗА НЕГАТИВЕН “ PCR” ТЕСТ.
  • Патниците стриктно да се придржуваат до протоколите пропишани за превоз во автобус и задолжително носење на заштитни маски во автобус.
  • Автобусите ќе бидат редовно дезинфицирани пред и после завршувањето на патувањето.
  • Доколку некој биде вратен од граница поради неисправни документи, агенцијата не сноси никаква одговорност и парите нема да бидат вратени на клиентите.
  • За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин,
  • Попустите не може да се комбинираат,
  • Во АПП е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),
  • Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
  • При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
  • Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
  • Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

ПРЕДЛОГ МЕСТА:

Доколку сакате да уживате во убавините на белата песок, мирното море и денските забави на само 30km од Полихроно се наоѓа Sani Beach, плажа со бел песок и мирис на борови кои ги негува сите сетила. Се работи за одлично организирана плажа, која неколку пати добивала „сино знаменце“. Многу често, на оваа плажа се организираат забави со познати диџеи. А доколку сакате да уживате во Карипски стил на само 6km од Полихроно се наоѓа, плажата Molos Beach Bar во Ханиоти. Опкружен со зеленило и убаво уреден парк, одличен е за активности на отворено како и терен за тенис и фудбал. Плажа има обезбеден паркин, гардероба и тоалет. Песочна плажа со чиста водата, уредена со лежалки и чадори за сонце. Во текот на сезоната, барот е исполнет нон стоп, посебно во времето на викендите. Ако сакате да го почуствувате Африканскиот стил тогаш Elephnat Beach Bar во Пефкохори е идеалното место за вас. Од Полихроно е одалечено 10km. Elephnat Beach Bar e една од најпопуларните плажи на Халкидики. Етничката декорација со удобни дрвени лежалки и перници ги замаглуваат очите уште од првиот момент, а во комбинација со сините води создаваат посебно чувство. Преубаво кафе, врвни освежувачки коктели и вкусни закуски се некои од опциите што ги нуди. Исто тука се наоѓа и уште еден прекрасен бар Umbrellas Beach Bar . А во непосредна нивна близина, а од Полихроно одалечено 15km се наоѓа Cabana Beach Bar во Палиури. Кристално чистa водa и сертифицирани академии за нуркање, плишани перници и позитивни вибрации се дел од имотот на Cabana Beach Bar. Тоа е место за убаво летно расположение и незаборавно искуство на плажа.

За младите кои што сакаат ноќни забави на 10km од Полихроно се наоѓаат најдобрите летни ноќни клубови во пошироката област на Халкидики, Night Club Pearl и Ahoy Summer Night Club. Ветуваат незаборавни ноќи за време на Вашиот престој на Халкидики. Меѓународните и Грчките хитови за денс музика ветуваат врвна забава која трае до утрото. Влезницата е 10€.

Исто така не пропуштајте да го посетите најубавото гратче на Халкидики- Афитос, кое е одалечено 14km од Полихроно. Афитос се разликува пo својата архитектура, камените куќи, неколкуте цркви, традиционалните таверни и улиците со калдрма.

Нашата желба и среќа е секој наш гостин да има мирен и убав одмор!!!

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патувањена организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ