You are currently viewing Уникатно ноќно крстарење 5 дена – 4 ноќи-Солун–Волос–Санторини–Атина(Пиреја)–Солун

СОЛУН – ВОЛОС – САНТОРИНИ – АТИНА (ПИРЕЈА) – СОЛУН

Поаѓање на 12ти април од Солун

 „Додека постои Солун ќе има татковина за секого“, напишал Никифорос Чумнос, византиски научник од 14 век. Со ова патување ќе ја откриете богатата историја, фасцинантната култура и превкусната храна на грчките острови. Ве покануваме да ги доживеете пејзажите, да ги вкусите традиционалните јадења и да ги истражите шармантните села со нашето петднвно крстарење.

Нашето крстарење ќе Ве одведе на романтична и опуштена одисеја до сончевите брегови, рибарските села и значајните историски места. Со преноќување (на брод), закотвени покрај прекрасниот остров Санторини и крајбрежниот Волос, ќе може да ги истражите скришните места и да се впуштите во едно автентично искуство.

1 ден Солун (испловување во 19:00 часот)

Започнете ја незаборавната авантура на Егејот од античкиот град на светлината – Солун. Уживајте во уникатниот амбиент на солунските тврдини, византиските бањи, римската агора, Ротондата и Арката на Галилеј. Тргнете во авантура која започнува со вкусните солунски колачи. Испловувањето е во 19:00 часот, па затоа е потребно да се пријавите на бродот два часа претходно.Вечера. Ноќевање и ноќно крстарење кон Волос.

 2 ден Волос (испловување во 19:00 часот)

Појадок. Пристигнување во Волос – местото каде што Џејсон и Аргонаутите испловиле во потрага по Златното рунo. Ручек. Сончев пристанишен град во регион Магнезија со неверојатна локација, богат со минерали. Регионот е совршен за прошетка, истражување, како и за манастирите Метеора на врвот на карпата.

Враќање на бродот во 18:30 часот и вечера на брод. Ноќевање и крстарење во ноќните часови за Санторини.
 
3 ден Санторини (испловување во 20:00 часот)

Пристигнување во Санторини во 09:00. Појадок.Следува разглед на прекрасниот вулкански остров Санторини, место кое нуди совршена глетка кон бројните традиционални бели куќи и цркви со небесно сини куполи. Во Санторини може да го искусите медитеранскиот начин на живот опуштајќи се во мирот и тишината на прекрасната островска оаза. Ручек и вечера .Бродот испловува во 20:00 часот.  Ноќевање и ноќно крстарење до Атина (Пиреја).

4 ден Атина (Пиреја)

Пристигнување во Атина во 07:00 часот.Појадок. Ова е претпоследна станица од нашата поморска авантура. Атина е еден од најфасцинантните градови во светот, град на историјата, испреплетен и создаден од митови и легенди во срцето на античка Грција. Град препознатлив по Акрополис и Партенон. Овде може да посетите некои од локалните театри, историски локалитети или пак да се опуштите на прекрасната градска плажа.Ручек и вечера. Ноќевање и крстарење до Солун.

 5 ден Солун

Пристигнување во утринските часови во преубавиот Солун каде завршува ова преубаво крстарење. Испланирајте си го денот за прошетка низ Солун!

Цена 399€ (24 740 ден.  Уплата во целост)

ПОЛН ПАНСИОН (Појадок – Ручек –Вечера со вклучени пијалоци)

Во цената се вклучени следниве услуги:

  • 4 ноќевања во кабина на крузер
  • Пристанишни такси и бакшиш
  • Забава на брод
  • Полнпансион со вклучени пијалоци.

Во цената не е вклучено:

  • Превоз до пристаништето во Солун
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко осигурување
  • Факултативни излети
  • Важна напомена:
  • Чекирањето на бродот е од 13:00 – 17:00 по локално време
  • За ова патување потребен е биометриски пасош со важност од мин. 6 месеци
  • Индивидуални излети / посети и сѐ друго што не е споменато во програмата е со доплата на лице место
  • Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето
  • За резервација задолжителна е уплата во целост

 Приговори и поплаки:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ