You are currently viewing Нова Година 2023 – Дубровник – РАСПРОДАДЕНА

Нова Година 2023 – Дубровник

ПРОГРАМА:

1Ден. БИТОЛА – ПРИЛЕП – ВЕЛЕС – СКОПЈЕ – БУДВА – ДУБРОВНИК 30.12.2022

Состанок на групата пред деловните простории на агенцијата во 21.00 часот. Се патува кон Прилеп, Велес, Скопје преку граничниот премин Блаце. По обавувањето на царинските формалности патувањето продолжува кон Косово се до Будва. Патување со попатни одмори.

2 Ден. БУДВА – ДУБРОВНИК – 31.12.2022

Пристигнување во Будва во утринските часови. Прошетка низ стариот дел на градот и да уживате во убавините на Венецијанската архитектура. Будва има голема вредност не само по тоа што е центар на туризмот во Црна Гора туку и по неговите специфични градби, споменици, тврдини, манастири и старите цркви – споменици кои датираат уште од 7 век. Заминување кон Дубровник – познат како бисер на Јадранот еден од најпознатите туристички центри на Јадранот. Градот е со преубава околина, голем број на хотели и е магнет за голем број на туристи од целиот свет во текот на целата година. Проштка низ стариот дел на градот “Страдун”, тесните улички и малите плоштади, како и импознатните зидини и градби ќе ве остават без здив. Уживате во призорот на Градската Камбанарија, Катедралата, Синагогата, Тврдината Бокар, Кнежевскиот Двор – Дубровачкиот Музеј, и многу други споменици. Сместување во хотел. ДОЧЕК НА НОВАТА 2023 година на плоштад. Ноќевање.

3 Ден ДУБРОВНИК – МЕЃУГОРЈЕ – МОСТАР 01.01.2023

Појадок. После појадокот заминување кон Меѓугорје. Местото каде се појавила Мајката Божија. Заминување кон Мостар, градот на двата брега на Неретва, каде се испреплетувала историјата во минатото и во поново време. Посета и разглед на стариот дел на градот. Стариот мост, чаршијата. Заминување кон Благај каде се наоѓа изворот на реката Буна. Слободно време за ручек. Заминување кон Дубровник. Ноќевање.

4 Ден. ДУБРОВНИК – КОТОР – СКОПЈЕ – ВЕЛЕС – ПРИЛЕП – БИТОЛА 02.01.2023

Појадок. После појадокот заминување кон Котор. Попатна посета на Котор, град заштитен од Унеско како светско култуно наследство. Преминување на Которскиот залив кој е ставен на светската листа од 28 најубави заливи во светот. Разглед на стариот град и неговите знаменитости. Слободно време. Заминување кон граничниот премин Сукобин. Патувањето продолжува преку Албанија, Косово се до Скопје преку граничниот премин Блаце. Патување со попатни одмори. Пристигнување во Битола во вечерните часови.

ЦЕНОВНИК:

139 € / 8,620,оо ден ПО ЛИЦЕ

Во цената е вклучено:

  • Автобуски превоз на дадената релација по програмата
  • Сместување во хотел со 3+ *** на база 2 ноќевања со појадок (шведски стол)
  • Организирани разгледи по програмата во Будва, Котор и Дубровник
  • Организација и водство на патувањето
  • Пратител–водич за цело време на патувањето од страна на агенцијата

Во цената не е вклучено:

  • Влезници за посета на културно – историските споменици
  • Факултативна посета разгледи по програмата во Меѓугорје и Мостар ( 30 € )
  • Останати факултативни посети по програмата
  • Патувачко осигурување

СЛИКИ:

НАПОМЕНИ:

  •  За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници
  • Цената е изразена во €, плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност 1€ = 62,оо

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Важат Општите услови на Т.А. С-Травел