You are currently viewing Нова Година 2025 – ДУБРОВНИК – ТРЕБИЊЕ

ДУБРОВНИК – ТРЕБИЊЕ

1 Ден: 29.12.2024 Планирано поаѓање во 21:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2.Ден: 30.12.2024 – Пристигнување во Котор во раните утрински часови разглед на еден од најубавите градови на Црногорското приморје, кој благодарение на своите природни убавини и историско наследство е вклучен во листата на Светско културно наследство на УНЕСКО, со својата средновековна архитектура и култура привлекува голем број туристи од регионот и светот. Тврдината, улиците од средниот век, плоштадот, куќите, манастирите и црквите, како и географската локација, им нудат на посетителите уникатно искуство. Прошетки во стариот дел од градот и поаѓање према Пераст каде имаме организирано факултативно крстарење до Островот Госпа од ШкрпељаПераст иако навидум мало градче, може да се пофали со 16 цркви и 17 поранешни палати, сместен во подножјето на ридот Свети Илија во Которскиот залив е парче рај кое ја заслужува вашата посета.По крстарењето поаѓање кон Требиње.

Околу пладне пристигнување во Требиње. Требиње како град спаѓа во Република Српска во Босна и Херцеговина и се наоѓа на околу 30 км од ДубровникПатувањето за Требиње вклучува прекрасни глетки особено заливот Бока Короска и Рисанскиот Залив, пејсажи, културни и историски знаменитости и пред се топло гостопримство.

Сместување во комплекс Град Сунца (https://www.gradsuncatrebinje.com/sr/).

Одкако ќе се сместиме следува краток одмор од патувањето. Во договорено време со водичот следува обиколка на градот. Ние како агенција ќе се потрудиме да се запознаете со најголемите атракции и знаменитости. Слободно време за ручек и индивидуални активности во Требиње. Враќање во хотел. Во вечерните часови индивидуално прошетки низ центарот на градот каде ќе има организирана новогодишна програма. Ноќевање.

3.Ден: 31.12.2024 – Појадок. По појадокот организирана факултативна прошетка до Мостар -Благај. Разгледите започнуваат од раните утрински часови. Пристигнување во Мостар град во БиХ во кој живеат околу 113,000 жители и е петти град по големина во државата, фотографирање кај Стариот Мост кој е симбол на реката Неретва изграден во 16век и е заштитен од УНЕСКО, градот воедно го добил името Мостар по чуварите на Стариот Мост (мостари) кои во средниот век го штителе и чувале градот од надворешни влијанија. Освен Стариот Мост ќе се прошетаме низ чаршијата со уникатен и автентичен стил, улица од калдрма на која се наоѓаат голем број на сувенирници, ресторани, чајџилници. Слободно време да се напиете кафе или да вкусите традиционална храна во некој од бројните ресторани со поглед кон Неретва. Водоговорено време со водичот се упатуваме кон разглед на БЛАГАЈ – место каде што се мешаат убавината на природата, архитектурата и историјата oддалечено 12 км од Мостар. Тука се наоѓа ВРЕЛО БУНА, извор на реката Буна. Изворот на реката Буна е пример за карстна река и е eден од најголемите и поубавите извори ширум Европа. Водата тече низ пештера која е дел од карпа висока 200 метри a Буна е лева притока на реката Неретва. Местото е фантастично, богато со ресторани и кафетерии покрај реката, а доколку барате мир дефинитивно овде ќе го најдете. Групата ќе има слободно време за прошетка, фотографирање. По разгледите се враќаме во Требиње.

Следува време за одмор во хотелот. Околу 19 часот (во договор со водичот) планирано поаѓање за ДУБРОВНИК И ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА !!!

Враќање во хотел во доцните часови. Ноќевање.

4.Ден 01.01.2025 – Појадок. Одјавување од хотелот. Факултативно посета на манастирот Тврдош (5 еу), останатите патници кои не доаѓаат се симнуваат во центарот на градот, за место и време за собирање ќе бидат известени од страна на водичот на групата. Манастирот Тврдош се наоѓа на десната обала од реката Требишњица, изграден од 4 век спаѓа во групата на културно историски споменик во Република Српска. Она по што е познат Манастирот е тоа што Свети Василије Острошки бил замонашен токму во тој манастир. По разгледите се враќаме кон Требиње, собир на цела група и продолжување према Дубровник. Пристигнување во пладневните часови во најпознатиот хрватски град заштитен од УНЕСКО кој е примамлива дестинација за сите познати личности од светот. Слободно време за разглед на Стариот град и тврдините, главната улица Страдун итн. Во договорено време со водичот собир на групата и поаѓање према Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови, или во раните утрински часови на 02.01.2025, зависно од метежот во сообраќајот и границите.

Цена: 179 ЕУ по лице

Промо цена за резервации и уплати до 25.11.2024 – 159 ЕУ

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Туристички пратител за време на цело патување
  • Сместување во хотел 3* , 2 ноќевања со појадок
  • Посета на Котор, Пераст, Дубровник

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување – информации во агенција !
  • Користење на внатрешен базен
  • Влезници во културно историски локали
  • Факултатива Мостар – Благај – 30 еу
  • Факултатива Манастир Тврдош – 5 еу
  • Факултатива Крстарење до островчето Госпа од Шкрпеља – цена наскоро
  • Задолжителна туристичка такса 2 еу по ден по лице

НАПОМЕНА!!! Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на поедини содржини од програмата. За факултативните излети се потребни 25 патници.

Важно

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патнициво спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
  • Патувањето мора да биде со валиден пасош со важност најмалце три месеци пред истек 
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
  • НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).

Важат Општите услови на Т.А. С-Травел