Нова Година 2021 – Истанбул – Авионска Програма

Нова Година 2021 – Истанбул – Авионска Програма

ПРОГРАМА:

4 дена / 3 ноќевања со појадок / авионска програма

31.12.2020 / Ден 1 / Скопје – Истанбул

Состанок на групата на аеродром два часа пред полетување. Полетување од Скопје за Истанбул со Pegasus Airlines во 02:35ч. Слетување во Истанбул во 06:00ч, организиран превоз со автобус до хотел, попатно разглед на Истанбул со локален водич. Сместување во хотел и слободно попладне за шопинг, прошетка и прво запознавање со градот.

* Предлог за дочек на Нова Година на отворено на плоштадот Таксим во индивидуална режија. Најпознатиот плоштад во Европскиот дел на Истанбул, преполн со: кафичи, ресторани, дискотеки и клубови во кои може да поминете незаборавен дочек на Новата Година. Ноќевање.

01.01.2021 / Ден 2 / Истанбул

Појадок. Предлог факултативно дневно крстарење со брод по Босфор, панорамски разглед на раскошните палати: Палатата Долма Бахче, Јилдиз Палатата , Белербеј Палатата кои се наоѓаат од двете страни на каналот и пловење под мостовите Фатих и Босфор, кои ги поврзуваат Европа и Азија. Факултативна посета на Долма Бахче палатата – последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство, до 1922г. служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922г. резиденција на Кемал Ататурк. Факултативна посета на најголемиот тематски аквариум во светот каде што ќе имате прилика да погледнете разновидни видови на риби кои живеат во светските мориња. Факултативна посета на Панорама 1453, првиот музеј во светот со целосна панорама. Како едно од најпопуларните места во Истанбул, музејот им дава на своите посетители шанса да го преживеат освојувањето на Истанбул. Музејот на историјата Панорама 1453 функционира како порти што го отвораат градот Истанбул.  Индивидуално враќање во хотел или слободно попладне за шопинг и прошетка на познатата улица Истиклал на Таксим, или посета на некој трговски центар. Ноќевање.

02.01.2021 / Ден 3 / Истанбул

Појадок. Предлог факултативна посета на историските знаменитости во центарот на градот: поаѓаме од Аја Софија – некогашна најголема црква која подоцна е џамија, а денес е музеј. Потоа одиме кон Сината џамија и до Топ Капи палатата која некогаш била седиште на Отоманските владетели. Слободно време за индивидуален разглед и прошетка низ Капали Чаршија. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

03.01.2021 / Ден 4 / Истанбул – Скопје

Појадок. Одјавување од хотел во 12:00ч. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел, состанок на групата во 16:30ч и организиран превоз до аеродром. Лет со Pegasus Airlines од Истанбул во 22:05ч со слетување во Скопје во 21:35ч.

ЦЕНА:

ЦЕНА 279 / 17.298 МКД ЗА УПЛАТА ДО 20.11.2020 ПО ЛИЦЕ

РЕДОВНА ЦЕНА 299 / 18.538 МКД ПО ЛИЦЕ

Цената вклучува:

  • Авионски превоз со Пегасус ( по лице 20 кг вклучен багаж + 7 кг рачен багаж)
  • 3 ноќевања со појадок во Aspen Hotel 4* – Laleli
  • Организиран трансфер на релација аеродром (Sabiha Gokcen) – хотел – аеродром (Sabiha Gokcen)
  • Аеродромски такси

Цената НЕ вклучува:

  • Патничко и здравствено осигурување
  • Екстра трошоци во хотел
  • Факултативни излети

Факултативни излети:

  • Крстарење по Босфор / 20 €
  • Посета на палатата Долма Бахче / 25 €
  • Аквариум / 20 €
  • Посета на историскиот музеј Панорама 1453 г. / 10 €
  • Посета на Топ Капи палатата со историските знаменитости / 20 €

* Напомена: за реализација на факултативните излети е потребно минимум 15 патници.

ОПИС:

Ако досега не сте имале прилика да го посетите овој спектакуларен град, сега е идеално време да уживате на Босфорот и сите убавини кои ги нуди оваа светска метропола.

Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 13 милиони жители . Светски центар од непроценлива вредност во минатото но и во сегашноста… мозаик од бројни историски и културни убавини, главен град на многу цивилизации, денес дом на жители од целиот свет. Истанбул е единствен град, град кој премостува два континенти, град кој ќе разбуди сосема поинакви чувства во Вас. Не го пропуштајте залезот на сонцето во Истанбул… кога градот се пали како слика, силуетите на џамиите се издигаат над градот, а сонцето и месечината се поздравуваат додека денот се претвора во ноќ… Во тој момент ќе се чувствувате како султан во лулката на цивилизациите. Има многу да се доживее и почуствува во Истанбул. Дали сте подготвени да го истражите овој магичен град?

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 25 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета, државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети и сл.
  • 2 дена пред започнување на аранжманот Агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање.
  • Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Пасошот треба да има важност минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
  • За реализација на факултативните излети е потребно минимум 15 патници.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ