Нова Година 2023 – Атина (Егина-Пелопонез-Сунион)
ПРОГРАМА:
30.12.2022 (Петок) Македонија-Атина
Состанок на групата на Спортска сала Битола во 20,30 часот.Поаѓање во 21:00 часот. Ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор.
31.12.2022 (Сабота) Атина разглед -Нова Година Дочек .
Пристигнување во Атина во утринските часови. Заминување на панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омонија, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет… Посета на Акропол -Пропилеј, Партенон, Ерџтејон ( доплата за влезница 12 Еур). Заминување и сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта можност за дочек на Нова Година факултативно – Новогодишна вечера во хотелот со богато мени и неограничен пијалок (40 Еур), или пак во сопствена режија на некој од плоштадите. Ноќевање1.
01.01.2023 (Недела) Глифада-Атина-Егина
Појадок. Слободен ден за прошетка и уживање во прекрасната Глифада или во Атина. Можност за Факултативна – еднодневна екскурзија на островот Егина (50 Еур). Овој остров е дел од Саронските острови и се наоѓа на околу 30 километри од Атина. Егина е дом на антички урнатини (вклучувајќи го и познатиот храм Афаја), неверојатни плажи, шармантни селца и пристаништа. Плус, во минатото градот Егина кратко бил престолнина на Грција. Ќе ја посетиме црквата посветена на Свети Нектариј Егински, подигната од старец Нектариј Виталис со помош на верното население, и каде што старецот за време на својот земен живот служел и живеел. Потоа одиме да се поклониме на гробот на скороупокоениот старец Нектариј Виталис. После посетата на Камариза тргнување кон пристаништето во Пиреја. Враќање во Глифада. Слободна вечер со можност за заедничка посета на ноќен клуб. Ноќевање 2.
02.01.2023 (Понеделник) Атина-Коринт-Пелопонез
Појадок. Целодневна екскурзија на Арголида (факултативно 40 Еур): Коринтски канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус – најакустичниот антички амфитеатар (влезница 6 еур), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена -древниот град на митскиот крал Агамемнон (влезница 6 Еур). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница – продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика.Враќање во хотелот. Ноќевање 3
03.01.2023 (Вторник) Атина-Сунион- Македонија
Појадок.Слободно претпладне со мoжност за прошетка и уживање во прекрасната Глифада или Атина, како и можност за Факултативна екскурзија (10 Еур) покрај Аполоновиот брег на Атика: летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени и рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат над самиот рт’ во слава на богот Посејдон. Враќање во Глифада. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Битола во доцните вечерни часови. Организирани трансфери до градови. Крај на аранжманот.
ЦЕНОВНИК:
Редовна цена: 179 Eур/11.098,00 МКД ПО ЛИЦЕ
Рана уплата на аранжманот до 20/11/2022 : -10% или 161 Eур/9.982,00 МКД
Во цената е вклучено:
- Превоз со високо туристички автобус
- 3 ноќевања со појадок во хотел 4* во Глифада
- Организиран разглед на градот со локален водич
- Организација и водство на патувањето
Во цената не е вклучено:
- Факултативен излет Пиреа-Егина (50 Еур)
- Факултативен излет Сунион и Аполоновиот брег (10 Еур)
- Свечена вечера за Нова Година со неoграничен пијалок (40 Еур)
- Екскурзија на Арголида – Пелопонез (40 Еур + влезници)
- Туристичка такса 1,5€ по соба од ден, напалата на рецепција во хотел
- Влезници за посета на локалитетите со водич: Акропол (12 еур); Микена (6 Еур); Епидаурус (6 Еур)
- Патничко и здравствено осигурување
- Доплата за повратен трансфер во МК: Скопје, Велес, Прилеп, Охрид и Кавадарци 10 Еур/лице
Попусти и доплати:
- Деца: 2-12 години со двајца возрасни 129 Еур/ 7,998,00
- Еднокреветна соба 229 Еур.
НАПОМЕНА :
- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.