Нова Година 2023 – Белград (Нови Сад) – Сигурна Реализација
ПРОГРАМА:
1.Ден 30.12.2022 (Петок)
Состанок со групата на спортска сала Младост Битола во 22:45, во 00:00 часот поаѓање за Белград. Патот води преку Кавадарци, Велес, Скопје, Куманово и преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
2.Ден 31.12.2022 (Сабота)
Пристигнување во Белград во утринските часови. Разглед на градот со локален водич:плоштадот Теразије, Славија,храмот Св.Сава, булеварот на револуцијата, Дедиње, тврдината Калемегдан, споменикот на Победникот и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во Дунав… Слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Кнез Михајлова во центарот на градот. Сместување во хотел. Вечерта организиран превоз до центарот на градот за индивидуален Новогодишен дочек на плоштад или во некој од многубројните кафичи, кафеани. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
3.Ден 01.01.2023 (Недела)
Појадок. По појадокот факултативен излет до Нови Сад- центар на Српската култура уште познат и како Српска Атина, панорамски разглед на градот , катедралата , Петроварадинската тврдина. Слободно
време во центарот на градот. Враќање во хотел во попладневните часови. Вечерта организиран превоз до
центарот на градот за постновогодишни прошетки или забави. Враќање во хотел индивидиално. Ноќевање.
4.Ден 02.01.2023 (Понеделник )
ЖПојадок. Одјавување од хотел. По појадок посета на трговски шопинг центар Ушче или слободно време во
центарот на Белград за индивидуални активности.. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНОВНИК:
129 еур / 7.998мкд по лице
Во цената е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на дадената релација
- Организација и водство на патувањето
- ГРАТИС – Разглед на Белград со локален водич
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Белград
- Посета на трговскиот центар “Ушче”
- ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Велес, Скопје, Куманово
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко осигурување 150 мкд
- Туристичка такса за хотелот – 200 мкд (се плаќа во агенција)
- Факултативен излет до Нови Сад со водич – 750 мкд- пријавување во агенција, плаќање во автобус.
- Влезници во културно/историски споменици
СЛИКИ:
НАПОМЕНА:
- За реализација на аранжманот се потребни минимум 45 патници
- Краен рок за евентуален отказ е 7 дена пред датумот на поаѓање
- Организаторот на патувањето во задржува правото за измена на поедини содржини од програмата.
- За факултативните излети се потребни минимум 30 патници
- Патникот има обврска да го провери пасошот пред патувањето.
- Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
- За сингл соба се доплатуваат 50 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет
- Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
- Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
- Резервации за одреден кат или страна не е можна.
- Селекција на седиште во автобус! Патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
- Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.