НОВА ГОДИНА во БУДВА
1 ден 29.12.2024 Македонија Состанок на групата околу 22 00 часот на договореното место и заминување за Црна Гора. Ноќно патување со попатни паузи и царински формалности.
2 ден 30.12.2024 Бар – Будва
Пристигнување во Бар и посета на врквата Св. Јован Владимир и летната резиденција на првиот и единствен црногорски крал Никола..Слободно време. Пауза за ручек или кафе. Заминување за Будва. Сместување во соби и апартмани. Слободно време. Ноќевање.
3 ден 31.12.2024 Будва –Дубровник Слободно време или факулативна целодневна посета на Дубровник. Дубровник со локален водич – Страдун, Орландовиот Столб, Охофриевата фонтана, Кнежевата Палата. Слободно време и враќање во Будва во вечерните часови. Индивидуален дочек на Новата Година на плоштад со богата музичка програма (НАСКОРО). Ноќевање.
4 ден 01.01.2024 Одјавување од апартманите и заминување Тиват, кој е најмладиот град во заливот Бока. Градот е прилично мал и се наоѓа околу центарот и брегот. Главното шеталиште богато со палми е полно со ресторани и кафетерии а преубавите јахти го прават ова место луксузно и доста атрактивно за туристите. Атрактивен е во зима и во лето, со пријатна медитеранска клима. Тиват е модерен медитерански град ориентиран кон развој на туризмот и град што станува од ден на ден повеќе привлечен за туристите. Слободно време за индивидуален разглед. Прошетката продолжува низ Котор каде се разгледува градот со локален водич. Котор е лавиринт од средновековни цркви, катедрали, венецијански палати и столбови. Во Котор можете да го видите поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св.Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола. По разгледот слободно време за ручек. Поаѓање за Македонија во попладневните часови.
– Патниците кои нема да одат на овој факултативен излет имат слободно веме. Во договорено место и време се собират од Будва и поаѓање кон Македонија.
Редовна цена: 119евра
ПРОМО ЦЕНА : 99 евра
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
Сместување во БУДВА, само ноќевање -2 ноќи
Превоз по дадените протоколи на дадената релација
Посета на Бар
Организација и водство на групата
ЦЕНАТА не вклучува :
- Влезници за културно историските локалитет
- Факултативна посета на Дубровник со локален водич – 30 евра
- Факултативна посета на Котор и Тиват – 15 евра
- Туристичка такса 1,5 на ден
- Задолжително патничко и здравствено осигурување (информации во агенција)
- НАПОМЕНИ:
- Бројот на седишта во автобус се доделува по број на резервација. Предност во првата половина на автобусот имаат повозрасни лица, како и мали деца. Постои можност за доплата на седиште (освен прв ред кој) од преостанатите седишта по цена од 10 евра.
- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- За деца од 3 – 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 – 12 години, за детето се плаќа 70% од редовната сума на аранжмано
- За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
- Во случај на отказ на патувањето од страна на патникот од лична неоправдана причина, авансот е нерефундабилен.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
- Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.
- Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.