You are currently viewing Нова Година 2023 – Будва ( Котор – Дубровник) – Сигурна Реализација

Нова Година 2023 – Будва (Котор – Дубровник) – Сигурна Реализација

ПРОГРАМА:

1.Ден 30.12.2022   

Состанок со групата во 23:30 од спортска сала Битола па поаѓање за Будва. Патот води преку граничен премин Ќафасан. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2.Ден 31.12.2022 

Пристигнување во Св.Стефан во утринските часови. Oва место е еден од најлуксузните летувалишта на целиот Јадран познат како „град-хотел“. Според пописот од 2003 на островот живеат 411 жители. Автобусот ќе застане за патниците да направат фотографии околу 10 минути и се продолжува према Будва. Пристигнување во Будва во утринските часови сместување во апартмани. Слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Будва како и низ Стариот дел од градот.  Вечерта слободно време за забава на плоштад со Џибони и бројна организирана музичка програма, а секако постои и можност да продолжите во некој од ноќните клубови, ресторани итн.  Ноќевање.

3.Ден 01.01.2023 

Факултативен целодневен излет до Дубровник со вклучен траект на заливот Бока Которска. Пристигнување во Дубровник во предпладневните часови, прошетки низ Стариот град Дубровник, Страдун, Тврдината итн. Во попладневните часови враќање за Будва. Вечерта забавата продолжува на плоштат со ДИНО МЕРЛИН. Ноќевање.

4.Ден  02.01.2023 

Одјавување од апартманите. Поаѓање за Котор, разглед на еден од најубавите градови на Црногорското приморје, прошетки во стариот дел од градот. Откако ќе направиме убава обиколка и ќе се прошетаме во Котор, во договореното време групата се упатува кон пристанишниот град кој многумина го споредуват со Монако, градот Тиват и Порто Монтенегро место каде што ужива и одмара светскио џет-сет. Во договорено време состанок со групата и поаѓање кон Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во вечерните  часови.

НАПОМЕНА!! Патниците кои нема да доаѓаат на факултативната посета во КОТОР, остануваат во БУДВА и ќе бидат информирани од водичите за време и место на поаѓање од БУДВА.

ЦЕНОВНИК:

Редовна цена: 89€ ПО ЛИЦЕ

Промо цена до 30.11.2022:  79€ по лице

Во цената е вклучено :

  • Превоз на наведената релација со туристички автобус
  • 2 ноќевања во апартмани во Будва
  • Организација и водство на патувањето
  • Пратител на групата за време на целото патување

Во цената не е вклучено:

  • ДУБРОВНИК – 20 еу,
  • КОТОР, ТИВАТ, ПОРТО МОНТЕНЕГРО – 15 ЕУ
  • Патничко осигурување
  • туристичка такса 1 еу по ден по лице ( се плаќа во автобус)
  • патничко осигурување – информации во агенција

СЛИКИ:

НАПОМЕНА:

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта (За влез во Црна Гора) или пасош со важност најмалце три месеци пред истек ( за патници кои доаѓаат на факултатива во Хрватска)
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на поедини содржини од програмата. За факултативните излети се потребни 25 патници.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ