Хотел & Спа Нова Ривиера 4* – Охрид
ОПИС:
На самиот Кеј на Охридско Езеро, во срцето на древниот град на светлината-Охрид.Оддалеченост – 5 минути возење од централната автобуска станица, 10 км. од Охридскиот интернационален аеродром.
Капацитет. Хотелот располага со 33 двокреветни соби и 6 апартмани,ресторан со 300 седишта,аперитив бар,хотелска тераса со 80 седишта,сали за семинари и сопствен паркинг обезбеден со сигурносни камери.
Секоја соба е опремена со ТВ приемник,кабловска програма,интернет конекција,директна телефонска врска,автоматски клима уред,купатила целосно опремени со тоалетна галантерија,туш кабини во купатилата 24 часа рецепција со целосна опрема . Основната услуга е на база на ноќевање со појадок за едно возрасно лице. Појадокот е бифе маса со интернационална храна. Собен сервис возможен додека работи ресторанот 06.оо-23.оо ч. Сервис перење-пеглање ист ден.
ЦЕНОВНИК 2025:
Тип соба | 15.06-20.09.2025; 22.12-10.01.2026 | 21.09-21.12.2025; 11.01-14.06.2025 |
Еднокреветна | 84€ | 68€ |
Двокреветна | 100€ | 88€ |
Цената вклучува:
- Ноќевање со појадок по лице на ден
- Туристичка такса И ДДВ
- Паркинг
- Интернет и ТВ
Цената НЕ вклучува:
- Превоз
- Индивидуални трошоци
Доплати и попусти:
- Деца: до 5.99 год – гратис, од 6-12 години -30 € за ноќевање
СЛИКИ:
УСЛОВИ:
- Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
- Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
- Некои од собите имаат поглед на Охридско Езеро. Погледот од собата зависи од
слободниот капацитет. - Максимален број на дополнителни легла на расклопување во една соба е еден (1).
- Миленичиња не се дозволени во собите.
- Пушење не е дозволено во собите како и во внатрешноста на објектот.
- 20 паркинг места за автомобили под видео надзор (ограничен број на места, се наплаќа
дневно 610 денари.) - Паркингот во и околу хотелот за автобуси во централното градско подрачје е забрането
од страна на општина Охрид.
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.