You are currently viewing Нови Сад (Белград – Сремски Карловци) – Нова Година 2022

Нови Сад (Белград – Сремски Карловци) – Нова Година 2022

ТЕРМИН:

  • 31.12.2021-02.01.2022

ПРОГРАМА:

1 ден 31.12.2021 СКОПЈЕ – НОВИ САД

Состанок на групата кај спортскиот центар Борис Трајковски  во 00:15 ч. Поаѓање во 00:30 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, со попатни паузи за одмор.

Пристигнување во Нови Сад во утринските часови. Можност да се сместиме во хотел. Краток одмор.

Одиме да се запознаеме со прекрасниот Нови Сад, град прогласен за Младинска престолнина на Европа за 1919 г., Европска престолнина на културата за 2021 год. Градот е подигнат во 1694 год. Долго време бил центар на српската култура, и затоа го нарекле градот Српска Атина. Денеска Нови Сад е голем финансиски и индустриски центар на српската економија, голем универзитетски град, школски центар, културен, научен, здравствен и политички центар на Автономната Покраина Војводина.  Пешачка програма низ центарот на градот: Римокатоличката црква, Палатата на Владиката, Соборната православна црква, Градската куќа. Време е за кафе во познатиот кафиќ “Безец“. Слободно попладне за индивидуални прошетки.

 ПРЕЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА НА ПЛОШТАД *

 Ноќевање.

2  ден 01.01.2022  ПЕТРОВАРАДИН – СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ

Појадок.  Ве водиме на полудневен прекрасен излет, испреплетен со богата историја.

Денот го започнуваме со посета на  Петроварадинската тврдина,  изградена над  десниот тек на реката Дунав, во населбата Петроварадин, денес составен дел на Нови Сад. Изградена од Австријците кои тука владееле од 1692-1780, во непосредна близина на границата на Отоманската Имерија. Местото го нарекуваат и Гибралтар на Дунав.

Продолжуваме до Сремски Карловци, место познато уште во времето на Римјаните. Отоманскиот војсководител Бали Бег, во време на Сулејман Величенствени, во 1521 го освојува градот и цели 170 години е под Отоманската Империја. Потоа потпаѓа под Австроунгарија а од 1918 е во состав на Кралството на Срби Хрвати и Словенци (СХС).

Град со прекрасни добро сочувани стари градби: Соборната црква Св.Никола, Палатата на Патријаршијата во барокна и неоренесансна архитектура, Римокатоличката црква на Светото Тројство од 1735 г.  Карловачката гимназија од 18 век со најбогата школска библиотека во Србија со 18.000 книги. Тука учел и еден од најголемите Српски поети Бранко  Радичевиќ. На самиот плоштад се наоѓа и фонтаната

“4 Лава“ од 1799 г. Ќе ја посетиме и Капелата на мирот, каде во 1699 год е потпишан мир помеѓу Отоманската Империја и Светата лига ( Австрија, Полска и Млетачката Република).

Ексклузивно ќе ја  посетиме и куќата каде живел како ученик  поетот  Бранко Радичевиќ,  претворена во музеј.https://www.youtube.com/watch?v=0DPErqC–qY

Можност за ручек  на Салаш.

Слободно попладне за индивидуални прошетки.

Ноќевање.

3 ден 02.01. 2022  НОВИ САД – БЕЛГРАД – СКОПЈЕ

Појадок.  Одјавување од хотел.  Се упатуваме кон Белград.

Со помош на Белградскиот водич ќе се запознаеме со богатото минато на градот.

Пешачката програма на откривање на убавините на Белград:

Калемегдан: Најубавиот и најголем Белградски парк но и најзначаен културно историски комплекс во кој доминира Белградската тврдина над устието на реките Сава и Дунав.  Ќе го посетиме споменикот  на Победата, дело на познатиот Иван Мештровиќ, симбол на победата на српската војска над Отоманската и Австроунгарска Империја во војните од 1912-1918. Шетајќи низ најстариот дел од градот познат како Дорчол, ќе дојдеме до Бајракли џамијата, градена од Отоманската Имеперија во 1575 г., единствено сочувана од  273 џамии од времето на Отоманската Империја.

Кнез Михајлова-познатата пешачка улица на Белград, Соборната црква Свети Архангел МихаилКонакот на Кнегињата Љубица, граден како државна резиденција од страна на Принцот Милош Обреновик во 1831. Слободно време  за индивидуални прошетки и поаѓаме кон Скопје.

СКОПЈЕ: Пристигнување во полноќните /после полноќни часови, следниот ден.

ЦЕНА:

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО  15.11. 202199 (6.140 денари )

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  119 €  ( 7.380 денари )     

Цената вклучува:

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје  – Нови Сад – Скопје
  • Сместување во хотел со 3* на база  2 ноќевања со појадо
  • Панорамско разгледување на Нови Сад  со локален водич.
  • Професионален туристички пратител

Цената НЕ вклучува:

  • Задолжително патничко осигурување
  • Влезници, автобуски и трамвајски билети
  • Полудневен излет: Сремски Карловци, Петроварадин: 15€
  • Пешачка тура низ стариот дел на Белград со локален водич: 10€
  • Посета и ручек на Салаш:      €
  • Туристичка такса во износ од 3€ по лице за две ноќевања, се плаќа во агенција.
  • Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп,Кавадарци (Дреново), Неготино, Велес, со доплата 1200 ден по лице( доколку има мин. 15 патници заинтересирани за трансфер)

ОПИС:

“Капија светова и раскрсница путева. Чувар царства и царског оружја. Прекретница хрисќанског света. Тамница мрачна и гробница незнана. Сва загонетна, славом и клетвом опевана. Велика уметничка инспирација – Петроварадинска тврџава. Барокна лепотица, колосална творевина. Вековна људска цивилизациска одредница“-Синиша Јокиќ.

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на цената на аранжманот доколку дојде до помал број на патници од наведениот број, промена на девизниот курс, покачување на цената на горивото или измени за превоз според нов безбедносен  протокол за Ковид 19.
  • Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред денот на поаѓање, во случај на недоволен бој на патници.
  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето т.е. редоследот на излетите поради непредвидени околности)
  • Може да се патува и со лична карта.
  • Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата.
  • Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ