Врз основа на чл. 12 од Изјавата за основање на САЛЕ ТРАВЕЛ Туристичка Агенција ДООЕЛ Битола (во понатамошниот текст С-ТРАВЕЛ – Битола), а во врска со Уредбата со законска сила за примената на законот за туристичката дејност за време на вонредна состојба од 24.03.2020 година донесена од страна на Владата на Република Северна Македонија, Управителот Сашо Стојковски на ден 13.04.2020г. донесе
О Д Л У К А
ЗА ОТКАЖУВАЊЕ НА ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ
Член 1
Со оваа одлука С-ТРАВЕЛ Битола врши целсно откажување на реализиацијата на туристичките аранжмани на сите пролетни патувања и летни аранжмани за лето 2020година, за сите дестинации надвор од Република Северна Македонија, заклучно со 2020 година, односно се додека не се створат услови за патување, земајќи ја во предвид вонредната состојба во нашата држава прогласена на 18.03.2020г.,како и состојбата со КОВИД 19 во сите држави опфатени со туристичките аранжмани.
Член 2
Согласно чл.2 од Уредбата со законска сила за примената на законот за туристичката дејност за време на вонредна состојба (во понатамошен текст -Уредбата), за откажаните туристички аранжмани С-ТРАВЕЛ Битола, ќе издаде НОВ ваучер на корисникот на ваучерот (патникот) за туристичкиот аранжман.
Ваучерите ќе се издаваат во три примероци со рок на важење до 31.12.2021 година
Член 3
Согласно чл.3 од Уредбата, начинот на издавање на Ваучер ќе се реализира во согласност со двете страни, односно туристичката агенција и корисникот на ваучерот кои ќе се договорат за: дестинацијата, терминот на поаѓање, времетраење на аранжманот.
Вредноста на ваучерот ќе биде во ист износ колку што била уплатата за резервираниот аранжманот кој е откажан поради вонредната состојба.
Член 4
Издадениот ваучер, патникот ќе има можност да го искористи за аранжмани исклучиво и достапни само од понудата на туристичката агенција (носител/организатор на аранжманот), и истиот важи за ист тип на аранжман за кој претходно патникот имал уплатено во договор со агенцијата.
Член 5
Ваучерите кои ќе бидат издадени од страна на туристичките агенции, патниците ќе можат да ги подигнат лично во туристичките агенции каде имале извршено уплата/резервација на аранжманот или по барање на патникот истиот ваучер може да им биде испратен по електронски пат, односно по е-маил, или по пошта.
Член 6
Ваучерите кои ќе бидат издадени и гласат на име на патникот кој извршил уплата/ резервација, можат да бидат преносливи односно Ваучерот може да се искористи и од страна на друг патник (по договор меѓу патникот и туристичката агенција).
Член 7
Оваа одлука се однесува и за патниците кои имааа уплатено туристички аранжмани за осмомартовските патувања кои беа предвидени за реализација пред прогласување на вонредната состојба, како и за сите веќе откажани патувања во време на траење на вонредната состојба односно од 18 март 2020 година.
Член 8
Оваа одлука не се однесува на откажажните авиобилети резервирани преку нашата туристичка агенција, од причини што за нив важат посебни правила за рефундација кои ги одредува секој авиопревозник засебно.
Член 9
Оваа Одлука влегува во сила од денот на донесувањето.
САЛЕ ТРЕВЕЛ ДООЕЛ Битола
(Т.А. С-ТРАВЕЛ – БИТОЛА)
Управител,
Стојковски Сашо