Хотел Маива 4* – Охрид

 Хотел Маива 4*- Охрид

ОПИС:

Хотел Маива, категоризиран како Хотел со 4 ѕвезди, е нов објект, кој се наоѓа во туристичката населба Св. Стефан и е на само 50 метри од езерската шир и 150 метри од Хотел Климетица . Претставува објект со современ ентриер – Ви нуди комфор, удобност – прекрасно место за одмор и релаксација, како и споделување пријатни мигови. Хотел Маива располага со 30 луксузни студија, опремени со француски лежај и гарнитура за дневен престој, со плазма и сателитска ТВ, мини бар и тераса со поглед на езеро. Исто така, хотелот располага и со Kристална сала со 150 седишта во кој ќе можете да уживате во разновидноста на специјалитети од национална и интернационална кујна во прекрасен амбиент во кој можете да ги прославите вашите свечености, коктел забави или деловни приеми. Во склоп на хотелот работи и кафе бар со тераса, каде ќе можете да се релаксирате за време на Вашиот престој

ЦЕНОВНИК:

Две ноќевања со појадок и вечера – 3.000 денари

Две ноќевања со појадок  – 2.300 денари

  • Цената по лице во двокреветна соба за минимум две  ноќевања.

Цената вклучува:

  • Користење на СПА центар.
  • Сауна, турска бања, џакузи
  • Интернет
  • Туристичка такса
  • Паркинг

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Индивидуални трошоци

Доплата:

  • За сместување во еднокреветна +30% доплата.
  • Деца до 5 години – гратис.
  • Деца од 6-12 години плаќаат 50% од цената.

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ