You are currently viewing ОНЛАЈН ФОРМУЛАР ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА

Почитувани патници за влез во Грција потребно е да се пополни онлајн формулар за евиденција во неколку чекори и процедурата е следната : 

  • Образецот се пополнува 48 часа пред да патувате во Грција
  • Причината за воведување на онлајн формулар е да се намали чекањето на граничните премини и да се воведе подобра контрола поради настанатата ситуација со “Ковид 19” 
  • Предпоставка е дека туристите ќе бидат тестирани врз основа на податоците од формуларот кој ќе го пополнат : Патниците кои ќе бидат во поголем број тестирани се од земји и места со поголем број заразени.
  • Формуларот се состои од неколку страници и е многу лесен за пополнување.Потребно е да го внесете вашиот број на пасош,тип на превозно сретство,број на таблица од возилото со кое патувате,граничен премин на кој што поминувате,место каде ќе патувате во Грција,последна земја каде сте биле пред да патувате,име презиме адреса и слично.
  • Откако ќе го пополните формуларот ќе добиете потврда со QR – код која што ке ја добиете на вашата емаил адреса.Поради фреквентниот обем на пораки можно е да го добиете кодот веднаш а можеби и во следниот ден во нареден емаил..

Формуларот можете да го пополните на следниот линк : 

https://travel.gov.gr/?#/