Острошки Манастир

ОСТРОШКИ МАНАСТИР 

Издлабен во карпа, чиниш лебди, издигнат над рајска шума, на надморска височина од 900 метри е домот на големиот чудотворец, Василиј Острошки, манастир кој секојдневно е прибежиште на илјадници верници кои тргаат по мир, здравје и чуда, посветен на еден од најголемите светци во православната вера. Манастирот Свети Василиј Острошки датира од 17 век и е сместен во карпест крај во Црна Гора, помеѓу Никшиќ и Подгорица.  Ова свето место во текот на целата година е најпосетено светилиште во Црна Гора, а после Христовиот гроб и Светата гора, ова е третото најпосетено светилиште во христијанскиот свет. Што уште повеќе говори дека чудата на овој светец се вистински. За сите верници овој манастир секојдневно е местото каде тие следејќи ја верата го пронаоѓаат лекот, мирот и спасението …се раскажуваат вистински приказни за инвалиди кои прооделе, за болни кои се излекувале, за жени кои по посетата станале мајка по долги години…секој за својата мака, велат, тука нашол лек.

1 ден 21.09.2018 –Петок – (Битола – Острог)

Состанок на групата на паркингот на спортска сала Младост во 22:00 часот. Поаѓање кон Црна Гора (ноќно возење) преку Струга и Албанија со попатни паузи. 

2 ден 22.09.2018 – Сабота – (Будва – Острог)

Во утринските часови пристигнување  Св.Стефан и панорамски разглед на едно од најмонденските и најлуксузните летувалишта на Јадранот. Потоа се упатуваме кон Будва каде имаме разглед на Стариот град, слободно време за кафе, шопинг и други индивидуални активности. Во пладневните часови поаѓаме кон Манастирот св. Василије Острошки, сместен високо на карпест планински масив, кој што претставува најголемо Црногорско светилиште и најпосетуван Манастир на Балканот. Основан е од Св. Василије во 17 век и се верува дека моштите на Св. Василије Острошки се чудотворни, и истите се наоѓаат во Горниот Манастир. По пристигнувањето по желба искачување до Манастирот  или трансфер со локален минибус. Разглед на Горниот Манастир и ноќевање во конак или во дворот на манастирот.

3 ден 23.09.2018 – Недела – (Острог – Битола)

Поаѓање за Македонија во утринските часови. Попатна пауза ристигнување во трговскиот центар ТЕГ во Тирана. Можност за шопинг, ручек итн. Поаѓање кон Македонија, царински формалности и пристигнување во ноќните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :  1.600,00мкд

Во цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со високо-туристички автобус на наведената релација 
  • Разглед на Св.Стефан, Будва, Острошки манастир и трговскиот центар ТЕГ во Тирана
  • Организација и водство на патувањето

Во цената на аранжманот не вклучува:

  • Трансфер до Горниот Манастир со локално комбе (1€по лице)
  • Патничко осигурување
  • Ноќевање во долниот конак (5€ по лице)
  • Нокевање во Горниот конак е бесплатно доколку има слободни места кои се проверуваат по пристигнување во манастирот
  • Туристичка такса во Острог (1€ по лице)

НАПОМЕНА

  • За реализација на аранжманот потребен е минимален број 40 платежни патници.
  • Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
  • Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица (во зависност од факултативата). За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации
  • Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. агенцијата не сноси одговорност.
  • Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци или доколку не се оствари минималниот број на патници.
  • Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
  • Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
  • За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови за патување на СКТМ и С-ТРАВЕЛ