You are currently viewing Хотел Papatya – Кушадаси 2025

Положба: Papatya хотелот е лоциран на 200 метри од најдолгата песочна плажа во Кушадаси  Long Beach. Хотелот располага со свој приватен дел на плажата. Овој хотел се наоѓа на околу 17 километри оддалеченост од центарот на градот.
Сместување: Хотелот располага со вкупно 86 соби (66 Standard rooms, 20 Family rooms) . Сите соби располагаат со сопствен балкон, минибар, сопствена бања (туш, тоалет, фен за коса), ТВ, телефон, сеф, клима уред, бесплатна Wi- Fi конекција.
Услуга: Хотелот е на база All Inclusive (појадок, ручек и вечера – шведска маса). Хотелот располага со внатрешен и надворешен ресторан. Гостите имаат можност секојдневно да уживаат во разновидните јадења кои се служат во ресторанот на овој хотел. Papatya хотелот исто така располага со два бара (Lobby Bar, Vitamin Bar, Pool Bar) 
Бесплатни услуги: Користење на ресторанот и баровите, интернет во лоби, лежалки , чадори на плажа како и во областа покрај базенот, користење на базените, ватерполо, пикадо, игри со базен, степ-аеробик.
Услуги со доплата: увозни пијалоци, алкохолни пијалоци, свежо цедени сокови, минибар, масажи, билијард, фудбал, хокеј, плејстејшн, телефон, телефакс, сеф.
Содржини: Хотелот располага со еден ресторан, два барови, два базена, сопствена плажа, Aqua Park, градина, тераса, одбојка, игралиште за деца, билијард, паркинг, услуги на медицински установи, услуга за организирање на туристички факултативи, анимација (дневна и вечерна).
Плажа: Хотелот располага со своја приватна плажа и исто така препознатлива по чистата тиркизна вода. Плажата располага со чадори, лежалки. Во близина на плажата безбројни ресторани во кои се служат превкусните турски специјалитети, ресторани за брза храна, барови, водени споротви, кабини за пресоблекување и тоалети.
Спорт и забава: Водени спортови,Aqua Park, билијард, одбојка на плажа, игралиште за деца, анимација (дневна и вечерна).
Хотелот е на база ALL INCLUSIVE.

ЦЕНОВНИК

Месеци Термини     Редовна цена Цена со попуст  до 31.03.2025
Jуни 13.06-21.06.2025(7 ноќи) 365 345 €
  20.06-28.06.2025 (7 ноќи) 385 365 €
Јули 27.06-07.07.2025 (9 ноќи) 495 € 475 €
Септември 29.08-06.09.2025(7 ноќи) 405 385 €
  05.09-13.09.2025 (7 ноќи) 385 365 €
  12.09-20.09.2025 (7 ноќи) 365 345

Во цената е вклучено:

  • Автобуски превоз Македонија-Кушадаси-Македонија
  • Сместување во хотел 7 ноќи или 9 ноќи (термини според табелата)
  • Појадок, Ручер, Вечера (богата шведска маса)
  • Користење на базент
  • Лежалки и чадори на плажа.

НАПОМЕНА

  • Цените се наведени за пакет аранжман (автобуски превоз и хотелско сместување на база All Inclusive појадок, ручек и вечера – шведска маса)
  • Цените се дадени по лице во дво креветна и трo креветна соба.
  • Курс на пресметување 1 еур = 62 ден.
  • Политика за деца за пакет аранжман :
  • Деца од 0 – 5,99 год. – Бесплатно сместување во хотел. ( Повратен автобуски билет 80 eur).
  • Деца од 6 – 11,99 год. – 30% попуст од вкупната цена.
  • Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
  • За single соба се доплаќа дополнителни 50% од аранжманот
  • Организиран бесплатен превоз од: Скопје, Велес, Градско, Неготино, Гевгелија.

УСЛОВИ

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот .
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Патниците стриктно да се придржуваат до протоколите пропишани за превоз во автобус.
  • Доколку некој биде вратен од граница поради неисправни документи, агенцијата не сноси никаква одговорност и парите нема да бидат вратени на клиентите.
  • Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
  • Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Отказ на резервација:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

Приговори и поплаки:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ