Париз – Велигден 2019 – Сигурна Реализација

Велигден – Париз (Прага, Минхен)

1 ДЕН 24.04.2019СКОПЈЕ-ВИЕНА  Состанок на групата во 11.30ч  на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски. Поаѓање за Виена во 12.00ч..Се патува преку граничниот премин Табановце, Белград… . Ноќно возење.

2 ДЕН  25.04.2019ВИЕНА-ПРАГАПристигнување во Виена во утринските часови. Утринска панорамска прошетка: Рингот, Операта, Парламентот, стариот дел на градот со црквата Св.Стефан. Слободно време. Патувањето продолжува кон Прага каде се пристигнува во вечерните  часови. Сместување во хотел.   Ноќевање.

3 ДЕН  26.04.2019ПРАГА-ПАРИЗ Појадок. Претпладне, факултативно  панорамско разгледување на Прага со водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашkата кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад, Националниот музеј.Можност за крстарење по В лтава со лок. водич. Поаѓање  кон Париз во вечерните часови. Ноќно возење.

4 ДЕН  27.04.2019ПАРИЗ  Во  утринските  часови пристигнување во Париз – најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја. Предлагаме панорамски разглед на Париз со автобус и локален водич: плоштадот Бастиља,Универзитетската четврт,Сорбона, Нотр Дам, Трокадеро, Ајфелова Кула, Марсовите полиња, плоштадот Конкорд, зградата на Парламентот,Домот на Инвалидите, Елисејските полиња,Триумфалната капија. Сместување во хотел. Слободно попладне.  Враќање во хотел .Ноќевање.

5 ДЕН  28.04.2019 ПАРИЗ-(ВЕРСАЈ – ЛУВР) 

Појадок. Предпладне препорачуваме прекрасен излет со автобус и локален водич : Кралскиот Париз.  Разгледот го започнуваме со животот на француските кралеви посетувајки го кралскиот замок Версај, последната резиденција на француските кралеви и еден од најубавите дворци во светот.   Факултативна посета на некогашниот кралски дворец, денеска музеј- Лувр.  По посета та на Лувр, можност за организирана прошетка низ  најпознатата париска авенија  Шанзелизе. Ноќевање.   

 6 ДЕН  29.04.2019 ПАРИЗ (СРЦЕТО НА ПАРИЗ – АЈФЕЛ- СЕНА))  

Појадок.  Препорачуваме прошетка со наш водич и неговите приказни: “Срцето на Париз”: прошетка низ Латинскиот кварт, влегуваме во Богородичната црква, се искачуваме на Мон Мартр, ја посетуваме црквата на Светото срце, се одмараме со топло чоколадо* на плоштадот на уметниците. Ќе прошетаме по булеварот на ноќниот живот на Пигал и ќе го видиме најпознатиот ноќен клуб Мулен руж. (Метро). Веднаш потоа,  Ја продолжуваме прошетката со наш водич и неговите приказни: “Париз-градот на светлоста”: Ајде да се искачиме на Ајфелова кула, да  крстариме 1 час со брод по Сена – единствено доживување. Ноќевање.

7 ДЕН 30.04.2019 ПАРИЗ – МИНХЕН  

Препорачуваме целодневен излет во имагинарниот свет на Дизни – Дизниленд. Прекрасна забава во 2 тематски паркoви или можност за целодневна посета наVal d’Europe Shopping Center (Marne-la-Vallee). Секако дека може да се остане во Париз и да посетите некои од прочуените музеи и места: Домот на Инвалидите и гробот на Наполеон Бонапарта, куќата на Балзак, музејот на Пикасо, да се искачите на триумфалната капија, да купувате во најпознатата стоковна куќа Галерија Лафает. Во вечерните часови поаѓаме кон Минхен. Ноќно возење.     

8 ДЕН 01.05.2019 МИНХЕН  

Пристигнуваме во Минхен во  утринските часови. Предпладне прошетка низ стариот дел на градот: Плоштадот Карл, Фрауен Кирхе, Новата општинска зграда, Мариен плац, Виктуалиен маркет, Операта. Ви препорачуваме да ја посетиме најголемата  Кралска пивница ХБ ( пиво и свински коленици).  Сместување во хотел. Ноќевање.       

9 ДЕН  02.05.2019 МИНХЕН-САЛЗБУРГ-СКОПЈЕ 

 Појадок. Патувањето продолжува кон Салзбург каде се пристигнува во пладневните часови. Прошетка низ стариот дел : Катедралата, плоштадот на Моцарт, Стариот плоштад, црквата Св.Петар, куќата на Моцарт, палатата Мирабел. Слободно време за индивидуални прошетки. Преполни со спомени, се упатуваме кон Скопје. Ноќно возење низ Италија, Словенија, Хрватска, Србија.

10 ДЕН  03.05.201СКОПЈЕ 

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.     

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за уплата до 01.03.2019: 315 / 19.530 денари  

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 345 / 21.390 денари

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 1 ноќевања во хотел 3* НП во Прага(околина)
  • 3 ноќевања во хотел 3* НП во Париз(околина)
  • 1 ноќевања во хотел 3* НП во Минхен(околина)
  • Прошетка низ Виена
  • Прошетка низ Минхен
  • Прошетка низ Салзбург
  • Организација и водство на програмата
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување  350 денари
  • Разглед на Прага со локален водич  10 €
  • Крстарње по Влтава 15€
  • Разглед на Париз со локален водич 15 €
  • Версај(превоз,влезница,лок водич) 50 €

(задолжителна резервација при уплата)

  • Лувр(влезница, резервација) 20 €
  • Крстарење по Сена 20€
  • Срцето на Париз 10€
  • Дизниленд -цена за влезница + 20€ превоз
  • Билети за градски превоз, Прага, Париз, Минхен
  • Доплата за еднокреветна соба 8.200 ден

 Агенцијата го задржува правото за промена на излетите по денови и сатници.

НАПОМЕНА

  • За реализација на аранжманот потребен е минимален број 45 платежни патници.
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
  • Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
  • Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица (во зависност од факултативата). За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации
  • Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. агенцијата не сноси одговорност.
  • Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци или доколку не се оствари минималниот број на патници.
  • Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
  • Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
  • За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови за патување на СКТМ и С-ТРАВЕЛ