You are currently viewing Парк и СПА Хотел Марково 4*-Пловдив 2022

Сместен во подножјето на Родопите, Парк и СПА хотел Марково на своите гости им нуди уникатно искуство со четири ѕвезди, комбинирајќи ја природата, прекрасните глетки и безброј спа искушенија. Семејниот СПА одмор од соништата е на само 2 километри јужно од Пловдив! Хотелскиот комплекс овозможува бегство од вревата на големиот град и гарантира незаборавно искуство и целосна релаксација за целото семејство. Во Парк и СПА Хотел Марково нудиме сместување во 110 соби, а гостите можат да избираат помеѓу Стандардна и Делукс Соба, Делукс Студио, Делукс Апартман и ВИП апартман. Без разлика на изборот, ќе бидете опкружени со комбинација на шармантен дизајн и луксуз. Уживајте во уникатен панорамски поглед на градот и посетете го  ресторанот Belle Vue, пиејќи од вашиот омилен пијалок! Нашата главна мисија е да развиваме и обезбедуваме услуги на највисоко ниво за семеен туризам. Доказ за овие намери се најновите иновации во хотелот – Четири топли затворени базени, од кои два со детски атракции, надворешна топла када и голем отворен базен за летната сезона. Проширувањето на паркот на отворено со лулашки, рамки за качување, пирамида од јаже и уникатната „Важеландија“ е гаранција за целосен семеен одмор! За внимание на вашите деца се и сала за аркадни игри и PlayStation5, како и надворешни лулашки и детски рингишпил. За разлика од другите хотели во Пловдив и регионот, овде ќе најдете можност целосно да се опуштите и да се прошетате на чист воздух, а не заборавајте да застанете и кај нашата мини зоолошка градина, омилена на гости од сите возрасти.

Тип на соба Недела-Четврток Петок-Сабота
Услуга Ноќевање со појадок ВВ Појадок ВВ Полупансион НВ
Стандард двокреветна 71 € 84 € 115 €
Стандардна трокреветна 81 € 95 € 125 €
Стандард двокреветна со балкон 76 € 89 € 120 €
Стандардна трокреветна со балкон 86 € 100 € 130 €
Стандардна премиум со балкон 81 € 95 € 125 €
Делукс двокреветна 89 € 107 € 138 €
Делукс двокреветна со балкон 95 € 112 € 143 €
Делукс студио 107 € 122 € 153 €
Делукс апартман 148 € 163 € 194 €
ВИП апартман 204 € 224 € 291 €
Политика за деца и возрасни      
Деца до 4г БЕСПЛАТНО
Деца од 5г до 6г бесплатно бесплатно 5 €
Деца од 7г до 15г 20 € 20 € 31 €
Над 16г 31 € 31 € 46 €
Деца до 15г се сместуваат бесплатно во ВИП апартман

 

Од 29.04  до 07.05.2022 сместувањето во хотелот е по цена викенд со појадок и вечера за минимум престој од 2 ноќевања

Цената вклучува:

  • Цените се по соба за соодветното сместување,
  • четири затворени базени со температура на водата од 32°C до 36°C,
  • надворешна топла када со топла вода 38°C,
  • надворешен базен во текот на летната сезона,
  • користење на спа (сауна со билки, фински сауна, инфрацрвена сауна, парна бања, ладна соба, простор за релаксација)
  • теретана,
  • 9% ДДВ,
  • бесплатен паркинг,
  • бесплатен Wi-Fi низ целиот комплекс.
  • бесплатно бебешко креветче со претходно барање од гостите

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Индивидуални трошоци

Доплата и попусти:

  • Сместување за 1 возрасен или 1 возрасен со 1 дете до 6 години во двокреветна соба: 85% од цената на собата
  • Дополнителните гости се сместуваат на фотелја на спуштање, дополнително легло или трето редовно легло со вклучен појадок или појадок и вечера со горенаведените доплати.
  • Туристичка такса и осигурување кои се наплаќаат посебно и изнесуваат 0,30еур со ДДВ за секој сместен гостин дневно(се плаќа на лице место)
  • Доплата за рано пријавување или доцно – одјавување 8еур / час
  • чистењето на собите во периодот од 10:00 до 17:00 часот секој ден.
  • Дозволени се домашни миленици (имунизирани и со пасош) до 4 кг во хотелските соби со доплата од 10еур / ден. (макс. 1 по соба). Домашни миленици не се дозволени во ресторанот Belle Vue, СПА центарот и базените.

СЛИКИ:

Услови:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

Отказ на резервација:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

Приговори и поплаки:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ