You are currently viewing PORTO RIO HOTEL&CASINO 4*- Патра 2022

PORTO RIO HOTEL&CASINO 4*- Патра 2022

Добредојдовте во хотелот Porto Rio Hotel & Casini 4*- Патра. Хотелот е лоциран многу блиску до градот Патра, сместен веднаш до морето со поглед на Коринтскиот залив и Јонското море, е една од главните атракции на пошироката област Ахаја.
Ние го правиме најдоброто за сите наши клиенти  со повеќе од 20 години искуство во туризмот и угостителството, Ви ветуваме квалитетно и незаборавно искуство за време на вашиот престој во нашиот хотел.
Без разлика дали не посетувате поради годишен одмор или деловна причина, ние ќе се потрудиме да ги исполниме вашите потреби.
Со големо задоволство на нашите гости  им стојат на располагање два базени со морска вода, во близина на плажа, каде што можат да уживаат и да се релаксират. Двата базени се опремени со лежалки и чадори кои се бесплатни за гостите на хотелот.
Казиното Рио ги отвори своите врати за јавноста во Август 1996 година, броејќи 26 години успешно работење.
Оние кои престојуваат на одмор или бизнис во хотелот Porto Rio Hotel можат да уживаат и во ексклузивното користење на нашиот Спа и здравствен клуб. Нашиот здравствен и фитнес клуб има на располагање специјално дизајнирани простории за третмани на лицето и телото, џакузи, амам и простор за фитнес.

PORTO RIO HOTEL&CASINO 4* PATRA PELOPONNESE www.portoriohotel.gr
ЦЕНИ ЗА ЛИЦЕ НА ДЕН ВО ЕВРА – СЕ ВКЛУЧЕНО
10 01.05-10.06 11.06-10.07 11.07-31.08 01.09-31.10
Bungalow 52 61 74 61
Трето лице 70% 70% 70% 70%
1 дете од 0-5.99 год. Гратис Гратис Гратис Гратис
1 дете од 6-11.99 год. Гратис Гратис Гратис Гратис
2 дете од 0-5.99 год. Гратис Гратис Гратис Гратис
2 дете од 6-11.99 год. 50% 50% 50% 50%
Double Room  (Main Building) 58 66 83 60
Трето лице 70% 70% 70% 70%
1 дете од 0-5.99 год. Гратис Гратис Гратис Гратис
1 дете од 6-11.99 год. Гратис Гратис Гратис Гратис
2 дете од 0-5.99 год. Гратис Гратис Гратис Гратис
2 дете од 6-11.99 год. 50% 50% 50% 50%
Double Room Sea View 64 72 90 72
Трето лице 70% 70% 70% 70%
1 дете од 0-5.99 год. Гратис Гратис Гратис Гратис
1 дете од 6-11.99 год. Гратис Гратис Гратис Гратис
2 дете од 0-5.99 год. Гратис Гратис Гратис Гратис
2 дете од 6-11.99 год. 50% 50% 50% 50%
Мин. Престој 5 5 5 5
Stayover tax 3 EUR по соба на ден ,се плаќа на лице место
Опис: паркинг, отворен базен, WI-FI,конференциска сала, масажа, бесплатни чадори и лежалки на плажа, детско игралиште,ресторан, бар, казино
Соби: клима, телефон,САТ ТВ, сеф,мини бар, фен,WI-FI,балкон
ПЛАЌАЊЕ ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРИ ПО КУРС 1 ЕУР =62.00 МКД
Non show 70% of total amount  Early departure 100% of total amount  Cancelled 1-7 days before check-in 50% of total amount  Cancelled 8-14 days before check-in 30% of total amount
ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 30.04.2022 15% ПОПУСТ
ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 28.02.2022 ДОПОЛНИТЕЛНИ 10% ПОПУСТ
УПЛАТА 50% ВЕДНАШ И 50% 21 ДЕН ПРЕД ПРИСТИГНУВАЊЕ

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Патничко осигурување
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност  по курс 1€ = 62мкд.
  • Можност за плаќање од 6 до 12 рати!!!

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

  • За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ