You are currently viewing Прага (Карлови Вари – Виена)  – Нова Година 2022

Прага (Карлови Вари – Виена) – Нова Година 2022

ТЕРМИН:

  • 29.12.2021-01.01.2022

ПРОГРАМА:

1 ден: СРЕДА (29.12.2021) СКОПЈЕ – ПРАГА:

    Состанок на групата во 11:30 часот на Дрводекор, поаѓање за Прага во 12:00 со високотуристички автобус. Патот води преку Србија и Унгарија со попатни одмори и царински формалности.

2 ден: ЧЕТВРТОК (30.12.2021) ПРАГА:

    Пристигнување во Прага во пладневните часови. Панорамско разгледување на градот со локален туристички водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад, Националниот музеј. Сместување во хотел. Во вечерните часови ноќна прошетка низ центарот на Прага со можност за крстарење по реката Влтава и прошетка.Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден: ПЕТОК (31.12.2021) ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ – ПРАГА:

    Појадок. После појадокот факултативно заминување за Карлови Вари- најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија .. Град во кој ќе посакате да останете… .Враќање во хотел. Во договорено време, вечерта следи трансфер до градскиот плоштад и дочек на Новата 2022 Година. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден: САБОТА (01.01.2022) ПРАГА – ВИЕНА – СКОПЈЕ:

    • Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Виена со попатна пауза во шопинг центарот во Знојмо. Панорамски разглед на рингот: Плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерната уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за индивидуална прошетка и во договорено време поаѓање за Скопје.
    Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ЦЕНА:

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 159 ЕВРА ПО ЛИЦЕ

ПРОМО BLACK FRIDAY ЦЕНА: 119 ЕВРА ПО ЛИЦЕ ЗА УПЛАТИ ДО 29.11.2021

Цената вклучува:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Прага
  • Oрганизиран разглед на Виена
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
  • Организиран трансфер од Битола,Прилеп,Кавадарци,Неготино и Велес.

Цената НЕ вклучува:

  • Разглед на Прага со локален водич -10 евра
  • Факултативен излет на Карлови Вари – 25 евра
  • Крстарење по реката Влтава -15 евра
  • Патничко осигурување 

ОПИС:

Магична, мистична, прекрасна се само дел од атрибутите кои Прага, главната престолнина на Република Чешка, со сигурност ги заслужува. Сместена во срцето на Европа, плени со својата специфична архитектонска традиција, а воедно претставува и значајна раскрсница на која се среќаваат уметници и научници од целиот свет. Како популарна туристичка дестинација, Прага со гордост го зазема шестото место на најпосетувани европски градови.

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • За ова патување задолжителен е сертификат за вакцинација (примени две дози)
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ