You are currently viewing Велигден 2022 – Прага – Дрезден – Карлови Вари – Виена –  Сигурна Реализација

Велигден 2022 – Прага – Дрезден – Карлови Вари – Виена

Магична, мистична, прекрасна се само дел од атрибутите кои Прага, главната престолнина на Република Чешка, со сигурност ги заслужува. Сместена во срцето на Европа, плени со својата специфична архитектонска традиција, а воедно претставува и значајна раскрсница на која се среќаваат уметници и научници од целиот свет. Како популарна туристичка дестинација, Прага со гордост го зазема шестото место на најпосетувани европски градови.

1 ден: ЧЕТВРТОК (21.04.2022) СКОПЈЕ – ПРАГА:
    Состанок на групата во 11:30 часот на Дрводекор, поаѓање за Прага во 12:00 со високотуристички автобус. Патот води преку Србија и Унгарија со попатни одмори и царински формалности.
2 ден: ПЕТОК (22.04.2022) ПРАГА:
    Пристигнување во Прага во пладневните часови. Панорамско разгледување на градот со локален туристички водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Сместување во хотел. Во вечерните часови ноќна прошетка низ центарот на Прага со можност за крстарење по реката Влтава и прошетка.Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден: САБОТА (23.04.2022) ПРАГА – ДРЕЗДЕН – ПРАГА:
    Појадок. По појадокот се упатуваме на факултативен излет во прекрасниот Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората Св.војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби, како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба, прекрасната Готска Богородична црква – Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден: НЕДЕЛА (24.04.2022) ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ – ПРАГА:
    По појадокот предлагаме излет до најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија, град во кој ќе посакате да останете. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Беkеровка како и музејот на Беkеровка. Враќање во хотел. Во вечерните часови можност за посета на традиционален чешки ресторан или чешка пивница или индивидуални активности за прошетки или шопинг. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
5 ден ПОНЕДЕЛНИК (25.04.2022) ПРАГА – ВИЕНА – СКОПЈЕ:
    • Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Виена со попатна пауза во шопинг центарот во Знојмо. Панорамски разглед на рингот: Плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерната уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за индивидуална прошетка и во договорено време поаѓање за Скопје.
    Пристигнување во Скопје во утринските часови на 26.04.2022 (вторник).

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129 ЕВРА ПО ЛИЦЕ

Во цената е вклучено:

– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
– 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Прага
– Oрганизиран разглед на Виена
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
– Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) и Велес.

Во цената не е вклучено:

– Разглед на Прага со локален водич – 10 евра
– Факултативен излет на Карлови Вари – 25 евра
– Факултативен излет на Дрезден – 30 евра
– Крстарење по реката Влтава -15 евра
– Патничко осигурување 

НАПОМЕНА:

– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

 ПОТРЕБНА COVID-19 ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ВЛЕЗ во ЕУ :

  • ЕВРОПСКИ СЕРТИФИКАТ за ВАКЦИНАЦИЈА – НЕ ПОСТАР од 270 дена од денот на влез во Р.Чешка (минимум 2 дози од следните производители) : ASTRAZENECA, COVID SHIELD, JANSSEN, MODERNA & PFISER-BionTech) ИЛИ
  • PCR-тест (не постар од 72 часа) од денот на влез во Р.Чешка ИЛИ
  • RAPID (брз) антиген тест (не постар од 24 часа) од денот на влез во Р.Чешка ИЛИ
  • ЕВРОПСКИ СЕРТИФИКАТ за прележан COVID 19 (не постар од 180 дена) од денот на влез во Р.Чешка

Со оваа програма важат Општите услови на Т.А С-ТРАВЕЛ-Битола и СКТМ.