You are currently viewing Premium Beach Hotel & SPA 5* – Голем Драч 2021

Една од главните причини зошто одморот на море е од голема важност за здравјето е што морскиот воздух е полн со јони кои ја стимулираат апсорпцијата на кислород, ги олеснуваат симптомите на астмата и го регулираат нивото на хормоните. Преку изложување на телото на есенските сончеви зраци телото ја добива потребната количина на    Витамин Д битен за поздрави коски особено во зимскиот период. Тоа се едни од најголемите предности што ни ги нуди морето и морскиот воздух.  Исто така научниците откриле дека звуците на морето ја прошируваат и ја подобруваат свесноста но и емоционалната благосостојба.
Покрај сите бенефити од морето, додаваме сместување во луксузен 5* хотел со одличен спа центар, на само неколку километри од вториот најголем град во Албанија.

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ПО ЛИЦЕ НА ДЕН НА БАЗА ПОЛУПАНСИОН ИЛИ СЕ ВКЛУЧЕНО

PREMIUM BEACH HOTEL 5* ГОЛЕМ – ДРАЧ
Период 08.02-30.05.2021 01.10-03.01.2022 31.05-10.07.2021  11.09-30.09.2021 11.07-10.09.2021
Пансион Полупансион Се Вклучено Се Вклучено
Standard room Land View 53еур 68еур 79еур
Deluxe room Sea View 59еур 73еур 86еур
Single use land view 86еур 126еур 159еур

Минимум престој 2 ноќeвања

Во цената е вклучено:

  • Полупансион/All Inclusive
  • Неограничено користење на спа центарот
  • Внатрешен базен
  • Сауна
  • Фитнес Центар
  • Џакузи
  • Бесплатно користење на соба за анимации ( пикадо, пинг понг, ноќен клуб )
  • Бесплатен интернет
  • Бесплатен паркинг
  • Доплата за 30 мин. РЕЛАКС масажа 30 евра по лице

Дополнителни услови: 

  • 1во Дете од 2-5,99год – бесплатно
  • 1во дете од 6-11,99год – 50% попуст од цената на возрасен
  • 2ро дете од 6-11,99год – 50% попуст од цената на возрасен
  • 3то возрасно лице – 20% попуст од цената на возрасен

Политика за отказ:

  • Отказ на резервација до 30 дена пред пристигање – 30% пенали
  • Отказ на резервација од 20-11 дена пред пристигање – 50% пенали
  • Отказ на резервација до 10-01 ден пред пристигање – 100% пенали
  • Не појавување во хотел – 100% пенали

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ