РАФТИНГ НА ТАРА – МОДРА РЕКА
ТЕРМИНИ: 01.05-03.05.2024 / 24.05-26.05.2024
МЕСЕЦ МАЈ традиционално како и секоја година ја започнуваме сезоната на рафтинг адреналински авантури !!! Кој бил знае….Кој не бил вреди да го доживее адреналинот
ПРОГРАМА:
ПРВ ДЕН – Состанок на група во договорено време. Планирано поаѓање околу 4 часот наутро, попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во пладневните часови во Подгорица – главен град на Црна Гора. Слободно време во трговски центар DELTA CITY и слободно време за индивидуални прошетки во центарот на градот. Околу 13 часот планирано поаѓање према Модра Река. Пристигнување околу 14 часот. Вечера.
Сместување. Овде ќе бидете сместени во дрвени куќички каде воздухот е свеж и искуството е незаборавно.
Ова е една многу важна причина заради која треба да го посетите ова место, бидејќи животот во градовите е динамичен, тежок и не двои од прекрасната природа и здравиот живот.Ноќевање.
ВТОР ДЕН – Денот ни започнува со појадок. Групата ќе биде во постојана комуникација со стручен локален водич како и со туристичкиот пратител од агенција. Ресторанот се наоѓа на сама обала на реката. Угостителскиот тим е добро уходан во припрема на национални специјалитети. После појадокот во договорено време со групата се упатуваме кон РАФТИНГ НА ТАРА каде се упатуваме со теренско возило. РАФТИНГОТ СЕ СОСТОИ ОД ПРЕДИЗВИЦИ И АДРЕНАЛИН!!!
Секој рафтер е опремен со весло, заштитен елек и шлем. Почетниците, обично туристи, добиваат прецизни упатства што мора строго да ги следат за време на рафтингот. Рафтингот е дружење и забава.
На многубројните списоци на најдобри места за рафтинг на европска територија свое место има фантастичната црногорска река Тара. Тара ја носи титулата „Солзи на Европа“ што ја доби како дел од транспарентноста, чистотата, но и убавината. Кањонот, но и реката Тара е заштитена како дел од светското наследство на УНЕСКО. Создадена е со спојување на реките Опасаница и Веруша, веднаш под планината Комови во Црна Гора.
Рафтинг центарот се наоѓа на реката Тара, помеѓу Црна Гора и Босна и Херцеговина (Република Српска). Ова патување е сосема поразлично и поавантуристично од сите други, кое ќе ви остави безброј спомени.
Враќање за ручек. Слободно време за истражување на природата или едноставно да се одморите слушајќи го шумот на реката и звукот на птиците. Вечера. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН – Појадок. Одјавување. Продолжуваме према Нијагарини Водопади кои се наоѓаат во близина на главниот град на Црна Гора – градот Подгорица – на реката Чивна. Туристите ќе имаат можност да го посетат одличниот еко-ресторан “Нијагара”. Се одликува со национална кујна , свежа риба и печенo месо. Ресторанот има неверојатна атмосфера. После ручек продолжуваме кон Македонија. Попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНAТА Е ПО ЛИЦЕ ВО ЗАВИСНОСТ ОД ТИПОТ НА СМЕСТУВАЊЕ БЕЗ ДОПОЛНИТЕЛНИ ТРОШОЦИ!!!
ПРОМО ЦЕНА ДО 10.04.2024
ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕ:
КУЌАРКА БРОЈ 1 / ТИП НА СОБА | ЦЕНА |
1/2 | 219€ редовна – 199€ промо цена |
1/5 | 199€ редовна – 175€- промо цена |
1/3 | 209€ редовна – 189€ промо цена |
Опис:
I – Спрат, двокреветна и петтокреветна соба со голема тараса над реката и едно купатило измеѓу собите
II – Спрат, трокреветни соби со тераса над реката и заедничко купатило помеѓу собите
КУЌАРКА БРОЈ 2 / ТИП НА СОБА | ЦЕНА |
1/2 | 219€ редовна – 199€ промо цена |
1/6 | 199€ редовна – 175€ промо цена |
1/3 | 209€ редовна – 189€ промо цена |
Опис:
I – Спрат, двокреветна и шестокреветна соба со голема тераса реката и едно купатило помеѓу собите
II – Спрат, трокреветни соби со заедничка тераса над реката и заедничко купатило помеѓу собите
БУНГАЛОВИ | ЦЕНА |
1/3 и 1/4 | 209€ редовна – 189€ промо цена |
Опис:
Трокреветни и четворокреветни бунгалови со приватни купатила
Четворокреветна соба над ресторан со приватно купатило – 219€ редовна / 199€ промо цена
Во цената е вклучено:
- 2 ноќевања во одбрано сместување со 5 оброци (ПОЈАДОК, РУЧЕК И ВЕЧЕРА)
- Рафтинг на Тара со инструктори (целосна опрема, одела, весла, сигурносни појаси)
- Автобуски превоз на дадената релација (БИТОЛА, ПРИЛЕП, ВЕЛЕС, СКОПЈЕ)
- Сите трансфери со комбе или џип за рафтинг
- Туристичка такса и такса за време на целиот престој
- Туристички пратител за време на патувањето
- Лиценциран водич за рафтинг
- Целосна организација
- Посета на ПОДГОРИЦА , НИЈАГАРИНИ ВОДОПАДИ
Во цената не е вклучено:
- Индивидуални активности
ZIP LINE на пивско езеро (Доколку сте адреналински зависник тогаш Zip Line на Пивско езеро е вистинска прилика за вас за вистинско адреналинско доживување. Ова е најголемиот Zip Line во Црна Гора со 1400 метри должина над најголемиот резервоар за питка вода во Балканот – Пивско езеро. Како туристичка атракција е сосема безбедна и доста популарна каде секоја година бројот на туристи е се поголем. Чувството да летате над езерото во прекрасна природа околу вас не се опишува треба да се доживее) – цена наскоро!
Важно:
- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 30 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата поради ситуации кои однапред не е возможно да се предвидат.
- Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.
- Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
- Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
- Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја корегира цената и да направи промена во програмата.
- Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
- Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување. За отказ на аранжманот пред законските услови предвидени по ОУ, се задржуваат 10евра по лице од уплатената сума, поради административните трошоци.
Приговори и поплаки:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на (представникот). Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.