Hotel Regina Blue 5*- Валона, Албанија  АПРИЛ/МАЈ 2021

Hotel Regina Blue 5* – Валона, Албанија

ОПИС : 
Хотелското сместување Regina Blu се наоѓа на една од најубавите плажи, долж јужниот брег на Албанија, со сите погодности што се неопходни за да го направат Вашиот престој пријатен и незаборавен.
Со оглед на локацијата со поглед на Јонско Море, хотелското сместување има своја приватна плажа на само неколку метри оддалеченост. Гостите може да уживаат на нивните панорамнски балкони или на голема тераса опремена со лежалки, чадори и базен.
Хотелот Регина нуди вкупно 50 соби – eднокреветни, двокреветни и трокреветни соби. Сите тие имаат сопствена бања со туш, клима уред, фрижидер, греење и ТВ. Хотелот нуди бар ресторан со локални и морски специјалитети.  Персоналот е љубезен и спремен да Ви помогне при секоја потреба.
Во самиот ресторан на хотелот се служи албанска и италијанска храна придружени со квалитетни вина. Исто така, постои и коктел бар и продавница за подароци.
Интернет во самиот хотел како и собите не се наплаќа. Постои и бесплатен паркинг за кој е потребна претходна резервација.
Градот Радиме се наоѓа на околу 2км од хотелот. Меѓународниот аеродром во Тирана е оддалечен на 4 часа возење.

ЦЕНА :

Промо понуда за месец  Април/Мај

Тип на соба: Услуга Цена
Двокреветна стандард 2 НВ 69€
Двокреветна поглед море 2 НВ 79€

Во цената е вклучено:

  • 2 ноќевања со појадок и вечера.

Во цената не е вклучено:

  • Туристичка такса 1 € по лице од ден.
  • Индивидуални трошоци
  • Превоз

СЛИКИ :

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ