Hotel Regina Blue 5*- Валона, Албанија

Hotel Regina Blue 5*- Валона, Албанија

ОПИС:

Локација: Хотелот Регина Блу се наоѓа во живописното село Радхиме, Албанија. Со прекрасното јонско море пред хотелот и прекрасните планини и пејзажи во околината, локацијата е една од најдобрите адути.

Соби: Хотелот Регина нуди вкупно 60 соби од кои 29 двокреветни, 28 трокреветни и 3 апартмани. Сите имаат сопствена бања, со туш, климатизација, фрижидер, греење и ТВ и се модерно опремени, за сечиј вкус, по наша проценка најдобрите соби во овој регион.

Услуга: Хотелот нуди услуга на BB услуга (вклучен појадок), услуга HB (вклучен појадок и вечера), FB услуга (вклучен појадок, ручек, вечера). Пијалоците не се вклучени во понудата.

Содржини: Бар и ресторан во хотел, појадок, бесплатен паркинг, приватна плажа, услуга во соба, климатизирани соби, превоз од аеродром, семејни соби, изнајмување автомобили, менувачница. Има сопствен прекрасен базен, модерен!

Плажа: Хотел Регина Блу 5* има своја прекрасна песочна приватна плажа долж заливот Валона, на само неколку метри оддалеченост.

ЦЕНОВНИК: 

Датум на престој: 16 Април-31 Мај 2021
Зафатеност \ Тип на сместување Ноќевање со појадок Полупансион Полн пансион
Двокреветна соба (цена по лице) 32€ 42€ 53€
Трокреветна соба (цена по лице) 26€ 37€ 47€
Junior suit 84€ 0€ 0€
Суит (цена по соба) 105€ 0€ 0€
Датум на престој: 1 Јуни-30 Септември 2021
Зафатеност \ Тип на сместување Ноќевање со појадок Полупансион Полн пансион
Двокреветна соба (цена по лице) 47€ 58€ 68€
Трокреветна соба (цена по лице) 42€ 53€ 63€
Junior suit 126€ 0€ 0€
Суит (цена по соба) 147€ 0€ 0€

Цената вклучува:

  • Ноќевање со појадок/полупансион/полнпансион

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Индивидуални трошоци
  • Туристичка такса 1€ по лице на ден

Доплати и попусти:

  • Дете до 4 години бесплатно,
  • За дете од 4 до 12 години 50% попуст.

СЛИКИ:  

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Можност за плаќање од 6 до 12 рати!!!
  • Заради моменталната ситуација со Ковид-19 цените подлежат на промени.  

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

  • за отказ на резервација важат опшите услови , односно:
  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патувањена организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ